Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Македонскиот пасош подобро рангиран од БиХ и Албанија
Македонија

Македонскиот пасош подобро рангиран од БиХ и Албанија

15/01/2026

AA

Најновото издание на индексот на пасоши „Хенли“ повторно ги потврдува големите разлики во слободата на патување што ја нудат различните државјанства. Мал број држави овозможуваат лесен пристап до голем број дестинации без виза, што го прави нивниот пасош посакуван на глобално ниво.

На врвот на листата се најдоа главно азиски земји. Сингапур го зазема првото место, со можност за патување без виза во 192 држави и територии. Јапонија и Јужна Кореја го делат второто место со пристап до 188 дестинации.

Третата позиција ја делат пет европски држави – Данска, Луксембург, Шпанија, Шведска и Швајцарија – чиј пасош овозможува влез во 186 земји без виза. Следува исклучително европска група на четвртата позиција, составена од 11 држави со 185 дестинации: Австрија, Белгија, Финска, Франција, Германија, Грција, Ирска, Италија, Холандија и Норвешка.

На петтото место се Унгарија, Португалија, Словачка, Словенија и Обединетите Арапски Емирати со 184 земји. ОАЕ се издвојуваат со најголем раст во последните две децении, откако од 2006 година успеале да додадат 149 нови безвизни дестинации.

Шестата позиција ја делат Хрватска, Чешка, Естонија, Малта, Нов Зеланд и Полска, додека Австралија останува на седмото место заедно со Латвија, Лихтенштајн и Велика Британија. Британскиот пасош бележи најголем пад во рамките на ова издание на индексот, и сега нуди пристап до 182 земји – осум помалку од лани.

На осмото место се Канада, Исланд и Литванија (181 земја), а Малезија е деветта (180 земји). Првата десетка ја комплетираат Соединетите Американски Држави, кои се вратија на 10. позиција со 179 дестинации, откако на крајот од 2025 година испаднаа од групата од првите десет.

На 11. место се рангираат бугарскиот и романскиот пасош со 178 земји без виза.

Кога станува збор за регионот, најдобро рангиран е српскиот пасош, кој е на 34. позиција со пристап до 136 држави. Пасошите на Северна Македонија и Црна Гора заеднички го држат 38. местo со можност за патување во 128 земји. Зад нив се БиХ на 42. место (122 земји) и Албанија на 43. место (121 земја). Турција го дели 46. местo со Русија, со пристап до 113 дестинации.

Најслабо рангиран во регионот е косовскиот пасош на 59. место (81 земја), и се наоѓа заедно со кинескиот и боцванскиот пасош.

На дното на глобалната ранг-листа се државите зафатени со конфликти или политички кризи – Пакистан, Јемен, Ирак и Сирија, додека Авганистан е последен на 101. место со пристап до само 24 дестинации без виза.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Драчево со пет потврдени случаи, Скопје и Велес главни жаришта

05/08/2026
Македонија

Чаир се пофали: Добија 20 нови клупи за граѓаните

05/08/2026
Македонија

Граѓаните ќе почекаат до 20 август за резултатите од анализата

05/08/2026
Македонија

Ангелов со апел до сите мајстори: „Доволна е само една

05/08/2026
Македонија

Уапсен 62-годишен маж од делчевско, подолг период и се заканувал

05/08/2026
Македонија

Ограбена канцеларијата на директорот на ЈКП Сарај, украдени пари од

05/08/2026
Македонија

Во сред туристичка сезона: Четири дена Трпејца без капка вода!

05/08/2026
Македонија

14 пожари низ Македонија – се уште гори во Македонски

05/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44872
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Драчево со пет потврдени случаи, Скопје и Велес главни жаришта на западнонилска треска

05/08/2026

Скоро сите регистрирани случаи на западнонилска треска во земјава се лоцирани во Скопскиот регион и Велес, соопшти министерот за здравство

Чаир се пофали: Добија 20 нови клупи за граѓаните

05/08/2026

Општина Чаир продолжува со уредувањето на јавните простори, поставувајќи 20 нови клупи на повеќе локации низ општината, со цел да обезбеди подобри

Граѓаните ќе почекаат до 20 август за резултатите од анализата на водата во Гостивар

05/08/2026

Резултатите од анализата на водата за пиење во Гостивар ќе бидат објавени до 20 август, соопшти министерот за здравство Сашо

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy