Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Македонски Телеком оствари успешни резултати  од работењето во третиот квартал од 2023 година
Економија

Македонски Телеком оствари успешни резултати од работењето во третиот квартал од 2023 година

31/10/2023

AA

Македонски
Телеком продолжува со успешното работење и со позитивен тренд на раст и во третиот
квартал од 2023 година. Од почетокот на годината, бројот на корисници континуирано
расте, а во фокусот останува интензивното ширење и зголемување на капацитетот и
квалитетот на мрежата, особено на оптичката и 5G инфраструктура.

Оперативната добивка пред камати, оданочување и
амортизација (EBITDA) е зголемена за 11,6 проценти
споредено со истиот период минатата година, а
нето добивката е во пораст од дури 29,7 проценти. Приходите од
продажбата се стабилни и кај нив се бележи раст на приходите од основниот
бизнис од 5,3% во мобилниот сегмент и 4,3% во фиксниот сегмент. 

Ширење и развој на гигабитна мрежа

Доследни на
нашата определба да ги поврземе сите, продолжуваме со интензивното ширење на
оптичката и 5G инфраструктура на целата територија. Во првите девет месеци од
годината, бројот на оптички пристапи е зголемен за 13% и изнесува 303 000. Ова е
резултат од масовната миграција на корисниците од бакар на оптика во сите
делови од државата каде што има оптичко покривање. Продолжува ширењето и на 5G мрежата, којашто
сега можат да ја користат 82% од населението со гигабитни брзини во повеќето
градови во Македонија.

Фокус на задоволството
на корисниците

Расте бројот на корисници во сите сегменти, што е резултат на нашата
посветеност да им пружиме на корисниците врвни услуги и постојана поврзаност
секогаш и секаде. Остануваме број 1 според TRI*Mиндексот за мерење на задоволството на корисниците, којшто на крајот на
третиот квартал бележи зголемување и изнесува 94 поени.

Бројот на
корисници на широкопојасен интернет е зголемен за 2,8  проценти и изнесува 208,7 илјади, а вкупниот број на интернет
пристапи порасна за 2,7 проценти. 
Ја задржуваме лидерската позиција на ТВ пазарот со удел од 33,6 проценти и раст
од 1,1 проценти или 149,3 илјади корисници. И во мобилните комуникации се
бележи зголемување на базата на корисници за 2,8 проценти, со што бројот на
корисници достигна 1,33милиони. Во фиксната телефонија, остануваме на водечката
позиција со удел од 61,8 проценти и 227илјади корисници на крајот од првите девет месеци од 2023 година. 

„Стабилниот раст продолжува и во
третиот квартал од годинава и покрај сите предизвици. Продолжуваме со силен
фокус да инвестираме во гигабитна мрежа којашто ќе овозможи целосна поврзаност
и подеднакво учество во дигиталниот свет. Горди сме на порастот на бројот на корисници
во сите сегменти, како и на високиот индекс на корисничко задоволство, TRI*M, според кој сме број еден повеќе
години и кој достигна 94 во третиот квартал. И покрај сите неизвесности коишто
влијаат врз глобалната економија, ќе продолжиме да работиме за да ги
надоместиме негативните трендови и да овозможиме најдобро корисничко искуство“ –
истакна Славко Пројкоски, Главен директор за финансии на Македонски Телеком.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МИСТЕРИЈА СО ТЕШКО ПОВРЕДЕН ПАЦИЕНТ Болницата пријавила пад од кревет,

22/09/2026
Македонија

ДОБРЕ ДОЈДЕ ЕСЕН Златната сезона почнува ноќеска во 2:05 часот

22/09/2026
Македонија

🎥📷 МИЦКОСКИ ОБЈАВИ ВИДЕО ОД СРЕДБИТЕ ВО ЊУЈОРК Нови можности

22/09/2026
Македонија

29-ГОДИШНИК ПРИВЕДЕН ВЕДНАШ ПО СЛЕТУВАЊЕТО Гостиварец треба да одлежи две

22/09/2026
Македонија

ЗАМИНАЛ НА РАБОТА, НЕ СЕ ВРАТИЛ ДОМА Mаж пронајден мртов

22/09/2026
Македонија

ЗАМИНАЛ НА РАБОТА, НЕ СЕ ВРАТИЛ ДОМА Mаж пронајден мртов

22/09/2026
Македонија

НЕ НОСАТ ШЛЕМОВИ АМА ШИБААТ НА СИТЕ СТРАНИ Казнети 10.411

22/09/2026
Македонија

МУ СКРШИЛЕ ВРАТЕН ПРШЛЕН НА ГИНЕКОЛОГ ДОДЕКА ПРЕГЛЕДУВАЛ ПАЦИЕНТКИ Огненовиќ

22/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45725
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МИСТЕРИЈА СО ТЕШКО ПОВРЕДЕН ПАЦИЕНТ Болницата пријавила пад од кревет, тој тврди дека го нападнал

22/09/2026

35-годишен штипјанец со тешки телесни повреди бил пренесен на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, а околностите под кои се

ДОБРЕ ДОЈДЕ ЕСЕН Златната сезона почнува ноќеска во 2:05 часот

22/09/2026

Есента во Македонија и на северната хемисфера на Земјата ќе почне ноќеска во 2:05 часот по полноќ. Во исто време

🎥📷 МИЦКОСКИ ОБЈАВИ ВИДЕО ОД СРЕДБИТЕ ВО ЊУЈОРК Нови можности за партнерства, инвестиции и развој

22/09/2026

Премиерот Христијан Мицкоски објави видео од неговиот престој во Њујорк САД со дел од средбите што ги одржа на високо

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy