Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Македонската фудбалска репрезентација водеше, па загуби од Украина
Македонија

Македонската фудбалска репрезентација водеше, па загуби од Украина

16/06/2023

AA

Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Скопје загуби од Украина со 2:3 во квалификациски натпревар за ЕУРО 2024.

Резултатот го отвори Енис Барди во 31. минута од пенал досуден по интервенција на ВАР собата. Девет минути подоцна Елиф Елмас зголеми на 2:0 со прекрасен удар од околу 30 метри откосо.

Целосно различна слика на теренот во второто полувреме. Илја Забарњи во 62. минута намали на 2:1 по вториот корнер за гостите. Јуким Конопља изедначи во 68. минута, Виктор Цигангов во 83. минута го најави целосниот резултатски пресврт.

Од 72. минута нашата репрезентација играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на Висар Муслиу (втор жолт картон).

За двете репрезентации ова беше втор натпревар во квалификациите за Европското првенство по кој двете имаат по три бода.

Натпреварот одигран на Националната арена „Тодор Проески“ го следеа околу 20 илјади гледачи.

На вториот натпревар од Ц-групата одигран вечерва, Англија како гостин ја совлада Малта со 4:0.

Токму Англија по три дена (19 јуни) на „Олд Трафорд“ во Манчестер ќе ја пречека македонската репрезентација, додека Украинците ќе се соочат со Малта.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ССМ: Доколку минималната се зголеми на 600 евра, а сите

17/02/2026
Македонија

5 од 6 заловени кучиња имаат сопственик – Анима Мунди

17/02/2026
Македонија

Тешко повредено четиригодишно дете во Скопје

17/02/2026
Македонија

БИОЛОШКАТА ТЕРАПИЈА ЈА НАБАВУВАЛЕ НА РЕВЕРС, ПА ИЗГОТВУВАЛЕ ФАКТУРИ ПОСЛЕ

17/02/2026
Македонија

Снежна лавина на Попова Шапка повреди 24-годишен турист од Данска

17/02/2026
Македонија

Следуваат нови врнежи од дожд и снег – од понеделник

17/02/2026
Македонија

Народниот правобранител отвори предмет поради поплавите во Кичево

17/02/2026
Македонија

ТРЕСКА ПОРАСНАЛА ЗА 4 ПАТИ, ВАРДАР ЗА 2,5 Водостојот нагло

17/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41560
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ССМ: Доколку минималната се зголеми на 600 евра, а сите останати плати за 6.000 денари,

17/02/2026

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска го блокираше влезот на Владата на булевар „Илинден“ во знак на притисок за

5 од 6 заловени кучиња имаат сопственик – Анима Мунди бара напуштањето да стане кривично

17/02/2026

Дури пет од шест кучиња заловени од ЈП „Лајка“ за еден ден биле со сопственик, предупредуваат од организацијата за заштита

Тешко повредено четиригодишно дете во Скопје

17/02/2026

На 16.02.2026 околу 17:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Живко Фирфов“ во Скопје, патничко возило „фолксваген туран“

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy