Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Македонска фирма се најде на американската „црна листа“ поради развивање шпионски софтвер
Македонија

Македонска фирма се најде на американската „црна листа“ поради развивање шпионски софтвер

18/07/2023

AA

Владата на САД додаде четири странски комерцијални шпионски ентитети на листата за трговски рестрикции заради ангажирање во активности спротивни на националната безбедност или надворешнополитичките интереси на САД, меѓу кои фирмата Сајтрокс АД од Северна Македонија.

Другите фирми се Интелекса С.А. од Грција, Интелекса Лимитед од Ирска и Сајтрокс Холдингс Црт од Унгарија, соопшти Стејт департментот.

Овие компании биле додадени на листата на ентитети врз основа на утврдување дека се занимаваат со трговија со сајберексплоатации за да добијат пристап до информациски системи, доведувајќи ја во ризик приватноста и безбедноста на поединци и организации ширум светот, пренесува Гласот на Америка.

– Пролиферацијата на комерцијален шпионски софтвер носи посебни и растечки контраразузнавачки и безбедносни ризици за САД, вклучително и за безбедноста на персоналот на американската влада и нивните семејства, се вели во соопштението од Стејт департментот.

Во него се додава дека „злоупотребата на овие алатки на глобално ниво, исто така, ја олеснува репресијата и овозможува кршење на човековите права, вклучително и заплашување на политичките противници и ограничување на несогласувањето, ограничување на слободата на изразување и следење и таргетирање на активисти и новинари“.

Стејт департментот посочи дека денешната акција е дел од напорите да се спротивстави на ризиците од комерцијалниот шпионски софтвер.

Додавањето на овие ентитети се надоврзува на минатите списоци на американската влада на комерцијални компании за шпионски софтвер.

– Заедно, овие активности ја демонстрираат континуираната посветеност и лидерството на САД во борбата против злоупотребата на комерцијален шпионски софтвер и друга технологија за надзор, се наведува во соопштението.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
Македонија

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија

08/08/2026
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44917
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026

Трагичен настан бил пријавен во Штип во раните утрински часови на 7 август. Според информациите од полицијата, во 02:45 часот

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија под топлотен бран

08/08/2026

Високите амбиентни температури донесоа значително зголемен прилив на пациенти на Детското одделение во Општата болница во Куманово, каде што дневно

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026

Од Бодрум со владиното авионче попладнево на скопскиот аеродром беше префрлен патникот кој се здобил со побреди во Турција, потврдиваат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy