
МАКЕДОНКА УБИЕНА ВО ГЕРМАНИЈА: Сопругот ја избодел до смрт пред синот
Уште едно убиство на македонски државјанин се случи во германскиот град Есен, јавуваат тамошните медиуми.
Имено, според информациите сопругот пред очите на нејзиниот осумгодишен син до смрт ја избодел 41 годишната жена, која искрварила.
Постариот син (16) ја известил полицијата за убиството.
Кога дошол дома околу 19 часот, неговиот помал брат стоел пред заклучената врата од станот и бил вознемирен. Тој раскажал дека мајка му е внатре и лежела на подот повредена.
Полицајците кои пристигнале ја пронашле жената облеана во крв во станот во областа Креј. Лекарот од итната медицинска помош и болничарите се обиделе да ја реанимираат мајката, но залудно.
Во исто време, полицијата започнала голема потера и сомнежот брзо паднал врз сопругот на жртвата (47).
Набргу потоа, осомничениот ја повикал полиција и рекол дека побегнал во соседниот град Гелзенкирхен (Северна Рајна-Вестфалија), а потоа и ја кажал улицата каде што ќе стои.
Таму конечно ја дочекал полицијата и без отпор дозволил да биде уапсен. Во петокот против него беше распишана потерница за убиство од небрежност.

