Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски: Посечната плата ќе е над 1.000 евра во мојот втор мандат
Македонија

Ковачевски: Посечната плата ќе е над 1.000 евра во мојот втор мандат

23/02/2024

AA

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, денеска ја посети ТИРЗ зоната во Тетово. Во рамки на посетата, тој ја истакна континуираната заложба на СДСМ за развој на економијата како и раст на платите, со цел да се обезбеди подобар животен стандард за граѓаните.

„Од вчера просечната плата е рекордно највисоко ниво, 40.000 денари, тоа се 650 евра, што е за 360 евра повеќе од 2017 година. Рекордна минимална плата од над 22.500 денари ќе се обезбеди со следното усогласување согласно Законот за минимална плата, што ќе стапи на сила идниот месец. Тоа е за 180% зголемување споредено со претходно кога минималната плата беше 8.050 денари“, рече Ковачевски.

Претседателот Ковачевски се осврна и на фактот дека сите подобрувања кои се случија за време на Владите предводени од СДСМ се само поттик за уште попосветена работа во наредниот период.

„Овие подобрувања не значат дека ние ќе застанеме тука, напротив, во наредниот период, во мојот втор мандат како претседател на Владата, ќе работиме да дојдеме до над 1.000 евра просечна плата и минимална плата од 600 евра. И ова, ве уверувам дека со правилни политики е достижно, како што покажавме дека овие историски највисоки нивоа кои денес ги имаме, се исто така достижни. Јас често велам, со напорна работа, нема недостижна цел. Никој не веруваше дека 500 евра просечна плата до 2024 година е можно и остварливо. Но, како што знаете, тоа ветување, СДСМ го оствари со уште поголем износ. Така ќе биде и овој пат со ветувањата кои ќе бидат дел од предизборната програма на претстојните избори“, порача претседателот на СДСМ, Ковачевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претрес во гостиварско: Пронајдени дрога и муниција, уапсен 58-годишник

31/07/2026
Македонија

Гаши по денешните пратенички прашања: Злоупотребата на процедуралните забелешки мора

30/07/2026
Македонија

Г.Г. Стефан со Илинденско послание

30/07/2026
Македонија

Потврден новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на жени

30/07/2026
Македонија

МЗ наложи дополнителна терестичка дезинсекција против комарци во населба Драчево

30/07/2026
Македонија

Вечерва прскање против комарци во Кисела Вода

30/07/2026
Македонија

Локализиран пожарот кај Лешница, интервенираа два ер трактори

30/07/2026
Македонија

ФОТО Граѓаните веќе тргнаа на продолжен викенд за Илинден

30/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44769
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претрес во гостиварско: Пронајдени дрога и муниција, уапсен 58-годишник

31/07/2026

Полициска акција спроведена утрово во гостиварското село Равен резултираше со апсење на едно лице, откако при претрес во неговиот дом

Гаши по денешните пратенички прашања: Злоупотребата на процедуралните забелешки мора да сопре!

30/07/2026

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, во своето гостување на МРТ се осврна на динамиката и процедуралните опструкции за време на

Г.Г. Стефан со Илинденско послание

30/07/2026

По повод претстојните илинденски празнувања, поглаварот на Македонската православна црква, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, заедно со Светиот архиерејски

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy