
Македонија подобра од Грција и на вториот тест!
Денешниот натпревар се играше пред затворени врати, па познато е само дека македонската селекција оствари минимална победа за разлика од вчерашниот дуел кога триумфираше со 33-30.
Македонија го игра првиот натпревар на ЕП на 10 јануари против Франција, а четири дена подоцна ќе се соочи против Германија, додека последниот дуел во првата фаза го игра со Швајцарија на 16 јануари.
