Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Левица: Две децении „проевропски“ тероризам и насилство на ДУИ овозможено од СДС и ДПМНЕ
Македонија

Левица: Две децении „проевропски“ тероризам и насилство на ДУИ овозможено од СДС и ДПМНЕ

05/01/2024

AA

Од партијата Левица велат дека последните настани со упадот на бандите на ДУИ во М-НАВ повторно ја покажаа сетта деструктивност и безобзирност на оваа криминална партија која и сега како и многупати претходно ја загрози јавната безбедност.

„Целосната потчинетост на бескичмењаците од СДС под чизмата на сецесионистите од ДУИ и тишината на ДПМНЕ како претходно познат коалиционен партнер и понатаму не одговара на овие грозни понижувања и напади по општото добро.

Во оваа серија на противправни дејствија, пред се издвојува членот 303 од КЗ за загрозување на сообраќајот во воздушниот простор, кој вели дека тој што ќе изврши дело со кое ја загрозува или може да ја загрози безбедноста на аеродром за меѓународeн воздушен сообраќај и со намера да изврши дело на насилство против лице на аеродром за меѓународен воздушен сообраќај или ги попречува услугите на аеродром за меѓународен воздушен сообраќај, ќе се казни со затвор од најмалку пет години.

Бандата на ДУИ која ја предводеше Беким Незири во 2010 година од позиција ја директор истепал и избркал од работа контролор за летање кој како инструктор во М-НАВ не сакал да му потпише дека поминал обука за контролор. После ваквиот напад, ДПМНЕ го постави Незири за директор на ПИОМ (каде проневери 19 милиони евра), па го унапреди во министер за економија. Сега ДПМНЕ се згрозени од дивјаштвото на терористи кои тие ги амнестираа – а СДС им ја даде комплетната власт.

Ова е уште еден во низата примери за кадрите на т.н. “европски фронт” на СДС и ДУИ кои имаат за цел да продожат да владеат на овој начин. Дополнително, покрај големиот број на полициски службеници во Република Македонија стратешки значајниот објект на контролата на летање се обезбедува преку приватна агенција, која како и целата таа индустрија се заснова на врските со политичките партии.“, велат од таму.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Г.Г. Стефан со Илинденско послание

30/07/2026
Македонија

Потврден новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на жени

30/07/2026
Македонија

МЗ наложи дополнителна терестичка дезинсекција против комарци во населба Драчево

30/07/2026
Македонија

Вечерва прскање против комарци во Кисела Вода

30/07/2026
Македонија

Локализиран пожарот кај Лешница, интервенираа два ер трактори

30/07/2026
Македонија

ФОТО Граѓаните веќе тргнаа на продолжен викенд за Илинден

30/07/2026
Македонија

Домаќинствата можат да добијат до 30.000 денари субвенции за приклучок

30/07/2026
Македонија

Еден месец Task Force: Запленети над 43 кг марихуана, приведени

30/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44767
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Г.Г. Стефан со Илинденско послание

30/07/2026

По повод претстојните илинденски празнувања, поглаварот на Македонската православна црква, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, заедно со Светиот архиерејски

Потврден новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

30/07/2026

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ го потврди новиот состав на својот Извршен комитет, соопшти претседателката на Унијата, Марија Митева, оценувајќи

МЗ наложи дополнителна терестичка дезинсекција против комарци во населба Драчево

30/07/2026

Министерството за здравство информира дека го задолжи Центарот за јавно здравје–Скопје вечерва да спроведе дополнителна терестичка (од земја) адултицидна дезинсекција

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy