Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Македонија и Вермонт со нов потпис – ќе соработуваат во кризен менаџмент, сајбер одбрана
Македонија

Македонија и Вермонт со нов потпис – ќе соработуваат во кризен менаџмент, сајбер одбрана

10/06/2023

AA

„Знаењето и искуството да го донесете дома. Тоа е целта“, вели Васко Ѓурчиновски.

Оваа порака ја упати македонскиот воен генерал до тимот кој две недели заедно со американската војска вежбаше за атомска, биолошка и хемиска одбрана во Вермонт.

„На следниот 30 годишен јубилеј, некој од вас можеби ќе биде началник“, порача Васко Ѓурчиновски.

Петте припадници од македонската армија специјализирани се за воени интервенции со различни опасни материи.

„Задоволни се, се разбира од она што имаа можност да го извежбаат на полигонот овдека. Се враќаат побогати за едно искуство поприлично поголемо би рекла и се разбира подготвени за тоа искуство стекнато за време на вежбата и предизвиците со кои се соочиле да ги пренесат на своите колеги во Македонија“, вели Славјанка Петровска.

Вермонт е мала држава, по површина речиси иста како Македонија. Во почетоците на нашата независност започнува пријателството, денеска продолжено со потпишување на писмо на намери со кое партнерството продолжува со засилено темпо.

„Пред 30 години кога започна ова партнерство можам да кажам дека тогаш било визионерство. А денеска сите стоиме горди на успесите кои се постигнати и особено тоа е нагласено во делот на одбраната. Во делот на земјоделието веќе се разговори за поблиска соработка, меѓутоа исто така и кризниот менаџмент кој е особено важен аспект и во нашата држава, ќе соработуваме во делот на сајбер одбраната и зајакнување на сајбер капацитетите во нашата држава“, додаде Славјанка Петровска.

Домаќините велат, ако погледнеме каде бевме пред 30 години и каде сме сега, заклучокот е дека партнерството е динамично, а достигнувањата неверојатни.

„Дури и по 30 години, ние уште еднаш ја потврдуваме нашата посветеност кон нашите нации. Ние веќе имаме развиено односи, но можеби оваа програма е различна, за државно партнерство. Најголемата сила е континуитетот што Националната гарда го носи до овој датум, не само Северна Македонија туку и со нашите други два партнери Република Сенегал и Република Австрија, но и глобално. Партнерството во Африка. Многу партнерства со секоја земја во Јужна Америка, тоа е прекрасна работа. Тоа е убавото нешто за гардата, континуитетот што го нудиме“, вели Георги Најт.

На свеченоста и потпишувањето присуствуваа и голем број на граѓани, бидејќи објектот е отворен за секој посетител. Досега сменил три изгледи, но не и локацијата. Оваа последната е дизајнирана во 1870 година, а куполата е позлатена во 20 век кога многу држави го направија тоа како дел од стилот на колонијална преродба.

„Државничкиот дом на Вермонт нема ротонда, куполата се наоѓа речиси директно над таванот на претставничката сала на вториот кат од објектот. Во салата над столот на говорникот стои портретот на Џорџ Вашингтон“, порача репортерот на ТВ21.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СВЕТЛАНА МОЈСОВ ОДЛИКУВАНА СО ОРДЕН „8 СЕПТЕМВРИ“ Македонија се гордее

26/09/2026
Македонија

ПРВО ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА, ПА ОТВОРЕНИ ЛИСТИ Платформата 12.05 нуди

26/09/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ Е ФРАКЦИЈА ВО СДСМ И МОРА ДА ЈА ОСЛОБОДИ

26/09/2026
Македонија

ТЕТОВЕЦ ОСОМНИЧЕН ЗА СИЛУВАЊЕ ДЕТЕ САМ СЕ ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА

26/09/2026
Македонија

НАПРЕДОКОТ Ѝ Е ПОТРЕБЕН НА МАКЕДОНИЈА БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ ЌЕ

26/09/2026
Македонија

РУБИН ЗЕМОН СЀ УШТЕ СЕДИ ВО ПРВ РЕД ВО СДСМ

26/09/2026
Македонија

ИСТРАГА ЗА ИНСПЕКТОРКАТА ЗА ХРАНА ШТО БАРАЛА МИТО Се бара

26/09/2026
Македонија

РОДИТЕЛ НАТЕПАЛ ДРУГАР НА СИНОТ Тинејџерот со повреди бил примен

26/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45823
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СВЕТЛАНА МОЈСОВ ОДЛИКУВАНА СО ОРДЕН „8 СЕПТЕМВРИ“ Македонија се гордее со потеклото и со дострелите

26/09/2026

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на свечена церемонија во „Вила Водно“, денеска ја одликуваше Светлана Мојсов со Орден „8 Септември“ за извонредниот

ПРВО ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА, ПА ОТВОРЕНИ ЛИСТИ Платформата 12.05 нуди нов општествен договор

26/09/2026

Демократската платформа „Разговори за иднината во 12:05“ денеска ја одржа втората сесија посветена на јубилејот од етаблирањето на независна и

ФИЛИПЧЕ Е ФРАКЦИЈА ВО СДСМ И МОРА ДА ЈА ОСЛОБОДИ ЗАРОБЕНАТА ПАРТИЈА Ивановски му порача

26/09/2026

Венко Филипче и кликата околу него, која што е политичко бизнис профитерска се фракцијата во СДСМ. Членството во огромно мнозинство,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy