Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 По уставните измени Бугарија ќе го изгуби кредибилитетот да блокира, вели Маричиќ
Македонија

По уставните измени Бугарија ќе го изгуби кредибилитетот да блокира, вели Маричиќ

10/06/2023

AA

Убеден сум дека по усвојувањето на уставните амандмани Бугарија ќе го изгуби кредибилитетот да блокира. Тоа не значи дека во текот на разговорите Бугарија или некоја друга држава не може да извади некои прашања коишто како услови ќе ги бара од нас, но за нас е клучно сето тоа да биде втемелено во европските правила, во европските стандарди, да не биде самоволно барање или еднострано барање или билатерално прашање и ние на тоа ќе инсистираме.

Ова во интервју за МИА го вели вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со ЕУ Бојан Маричиќ на прашањето дали има гаранции дека и по усвојувањето на уставните измени Бугарија нема повторно да стави блокада за нашето членство во ЕУ.

-Нашата најдобра гаранција е тоа што го пишува во преговарачката рамка, а тоа е дека во моментот на усвојувањето на уставните измени добиваме автоматски втора меѓувладина конференција, која што треба да го отвори Кластерот 1 и да почнат преговорите во тој дел, практично преговорите да заземат одреден тек, кажа Маричиќ.

Вели во наредниот период очекува дополнителна гаранција дека не може да се загрозат македонскиот јазик и македонскиот идентитет.

-Очекуваме во најскор можен рок, во наредните денови и недели една голема држава членка, најголема држава членка во Европската Унија да направи политички гест во својот Парламент да усвои еден вид на таква декларација за реафирмација на нашиот јазик и идентитет во контекст на интеграциите во Европа, открива вицепремиерот.

Тој со проценка дека најдоцна до 2030 ќе станеме членка на ЕУ и, како што вели, имаме навистина сериозна шанса и можност која што треба да ја искористиме да го фатиме сега овој пакет на следно проширување.

-Првиот нареден момент кога ќе се отвори вратата за нови членки Северна Македонија да биде во новите членки. Тоа е нашата цел и сметаме дека тоа е остварливо во наредните пет-шест години, оценува тој.

На прашање кога уставните амандмани би влегле во собраниска процедура, Маричиќ вели дека тоа е можно овој месец и тоа зависи од динамиката што ќе ја договорат во рамки на дијалогот со опозицијата.

-Да, верувам дека е тоа можно овој месец и што побрзо тоа подобро. Зависи од динамиката што ќе ја договориме во рамките на овој дијалог што сакаме да го отвориме. Но, Владата и СДСМ ќе бидат проактивни. Нема да оставиме да тече времето без да преземеме чекори и затоа е битно што побрзо да стапиме во дијалог и да даде тој дијалог резултати бидејќи вака само ќе испадне дека купуваме време или дека некој од политичките чинители купуваат време, вели Маричиќ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
Македонија

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија

08/08/2026
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44917
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026

Трагичен настан бил пријавен во Штип во раните утрински часови на 7 август. Според информациите од полицијата, во 02:45 часот

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија под топлотен бран

08/08/2026

Високите амбиентни температури донесоа значително зголемен прилив на пациенти на Детското одделение во Општата болница во Куманово, каде што дневно

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026

Од Бодрум со владиното авионче попладнево на скопскиот аеродром беше префрлен патникот кој се здобил со побреди во Турција, потврдиваат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy