Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Петровска на церемонија со гувернерот на Вермонт, Фил Скот: Tридецениското партнерство со Националната гарда на Вермонт ја трансформираше нашата Армија и служеше како инспирација за силен развој
Македонија

Петровска на церемонија со гувернерот на Вермонт, Фил Скот: Tридецениското партнерство со Националната гарда на Вермонт ја трансформираше нашата Армија и служеше како инспирација за силен развој

10/06/2023

AA

Во рамки на посетата на САД, министерката за одбрана Славјанка Петровска во Вермонт присуствуваше и се обрати на церемонијата со која беше одбележано 30-годишното партнерство помеѓу Армијата на Република Северна Македонија и Националната гарда на Вермонт, а со гувернерот на Вермонт, Фил Скот го потпишаа и свечениот документ кој го рефлектира ова тридецениско партнерство и посветеноста на Армијата и на Националната гарда на идните заеднички активности.

„Пред три децении, нас не зближија нашата визија за единство и соработка како и нашите заеднички вредности. Низ изминатите 30 години имавме импресивни резултати – организиравме над 350 активности, а врвот на меѓусебната доверба беше и заедничкото учество во мисијата во Авганистан во 2010 година. Ја видовме и трансформациската сила на соработката – како споделувањето на знаење, експертиза и ресурси доведуваат до иновативни решенија кои имаат долгорочно влијание“, рече министерката.

Фокусирајќи се на идните можности, Петровска истакна дека особено денес кога се соочуваме со комплексни предизвици, мораме да останеме агилни, да се адаптираме на промените и да продолжиме заедно и здружени да изнаоѓаме решенија кои ќе ја зацврстат нашата колективна безбедност.

„Чекорејќи во оваа нова фаза на нашето партнерство, ние мораме да бидеме и храбри и амбициозни во нашите цели. Постигнувањата од изминатите 30 години се пример за нашата отпорност и колективните капацитети. Сега е време да бидеме уште поодлучни и да ги поместиме границите на она што можеме да го достигнеме заедно“, порача Петровска.

Министерката им се заблагодари на генералот Најт и на генералот Ѓурчиновски и нивните претходници за нивната посветеност во развојот на ова партнерство, а признание им оддаде и на сите припадници на Армијата и на Националната гарда за нивната професионалност, одданост и посветеност кои го обликуваа меѓусебното партнерство.

Гувернерот на Вермонт, Скот истакна дека „низ годините, нашите армии соработуваа многу – со вежби во Северна Македонија и САД, со хуманитарна работа и со заедничкото учество во Авганистан во 2010, кога членовите на нашата Национална гарда стоеја рамо до рамо со Северна Македонија“.

„Нивните споделени искуства и посветеноста на лидерите во одбраната беа исклучително важни за успехот на ова партнерство и ни помогнаа да ја изградиме оваа силна врска. Сакам да потенцирам неколку големи успеси во ова време кое го вклучува и членството на Северна Македонија во НАТО како 30. Сојузник. Со тоа вие се приклучивте на најуспешната Алијанса во светот, а ние станавме поблиски“, рече гувернерот Скот.

Во своето обраќање, началникот на Генералштабот, генералот Ѓурчиновски се заблагодари за 30-годишната поддршка од страна на Вермонт и додаде дека Армијата е целосно посветена на уште посилен развој на соработката и заедништвото со Националната гарда.

Во Берлингтон, министерката Петровска и гувернерот Скот имаа и засебна средба на која ја потврдија политичката поддршка за континуиран развој на партнерството помеѓу двете вооружени сили.

По церемонијата министерката Петровска во изјава за Телма и ТВ21 порача дека треба да бидеме горди на успесите кои што се постигнати преку ова партнерство, особено во доменот на одбраната.

„Преку градењето на националните капацитети, преку зајакнувањето на македонската Армија меѓутоа и преку градењето на вистински пријателства всушност се одразува она што е суштината на ова партнерство“, рече Петровска. Додаде дека соработката продолжува да се развива и во доменот на кризниот менаџмент, сајбер-одбраната, како и други сектори.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МАКЕДОНИЈА Е МЕЃУ НАЈУБАВИТЕ ЗЕМЈИ ШТО СУМ ГИ ВИДЕЛ, РЕКЛАМИРАЈТЕ

25/09/2026
Македонија

УНИШТЕНИ 202 ЛИТРИ, ОДНОСНО КИЛОГРАМИ СЛАДОЛЕД И МРАЗ Контролирани 560

25/09/2026
Македонија

ЕВРОПСКИОТ ПАТ НА СКОПЈЕ ТРЕБА ДА СЕ РАЗГЛЕДУВА ВО ЕВРОПСКИТЕ

25/09/2026
Македонија

ГО ОХРАБРУВАМЕ ФИЛИПЧЕ ДА ПРОДОЛЖИ ДА ГО ВОДИ СДСМ На

25/09/2026
Македонија

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина

24/09/2026
Македонија

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026
Македонија

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев

24/09/2026
Македонија

КРВАВ ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ Со остар предмет нападнал сосед, неговата

24/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45791
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МАКЕДОНИЈА Е МЕЃУ НАЈУБАВИТЕ ЗЕМЈИ ШТО СУМ ГИ ВИДЕЛ, РЕКЛАМИРАЈТЕ ГИ ПРИРОДНИТЕ УБАВИНИ Европратеникот Вајц

25/09/2026

Ефектите од глобалното затоплување нè погодуваат сите подеднакво, а тоа особено се чувствува во земјоделството, рече европратеникот и постојан известувач

УНИШТЕНИ 202 ЛИТРИ, ОДНОСНО КИЛОГРАМИ СЛАДОЛЕД И МРАЗ Контролирани 560 оператори, изречени казни од 19.430

25/09/2026

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) при 560 вонредни инспекциски контроли кај производители на сладолед и мраз, како и во

ЕВРОПСКИОТ ПАТ НА СКОПЈЕ ТРЕБА ДА СЕ РАЗГЛЕДУВА ВО ЕВРОПСКИТЕ ИНСТИТУЦИИ Софија одговори на идејата

25/09/2026

Пристапувањето на Северна Македонија во Европската Унија е европско прашање кое треба да се разгледува во рамките на европските институции,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy