Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Македонија ќе купува течен природен гас од САД
Македонија

Македонија ќе купува течен природен гас од САД

08/04/2026

AA

Втората сесија на Стратешкиот дијалог меѓу Македонија и САД, одржана во Вашингтон, заврши со објавување заедничка изјава која ја дефинира соработката на двете земји во областа на енергетиката, безбедноста и инвестициите. Дијалогот беше предводен од министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, и заменик-државниот секретар Кристофер Ландау.

Според изјавата, двете земји се договорија за купување течен природен гас од САД и воспоставување едношалтерски систем за извоз и инвестиции. Истовремено, Македонија се обврзува да ја зголеми одбранбената потрошувачка до 5% од БДП до 2035 година и да придонесе во рамките на Списокот на приоритетни потреби на Украина.

САД, пак, ќе обезбедат техничка помош за зајакнување на дигиталната инфраструктура во македонските министерства, финансиска поддршка од 3,5 милиони долари за унапредување на капацитетите на МВР и управувањето со границите, како и пристап до програмата Global Entry, што овозможува забрзана проверка на однапред одобрени патници при влез во САД.

Во заедничката изјава се нагласува посветеност на енергетска диверсификација, подобрување на инвестициската клима и трговските односи, унапредување на сајбер безбедноста и јакнење на институционалните капацитети. Исто така, посебен акцент е ставен на зајакнување на соработката во борбата против транснационален криминал, нелегална миграција и гранична безбедност.

Дијалогот исто така ги опфати иницијативите за заштита на културното наследство и за унапредување на мобилноста на граѓаните преку приклучување кон програмите за доверливи патници.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРОНАЈДЕНА МРТВА ПО ГАСЕЊЕ НА ПОЖАРОТ Женско тело најдено во

22/09/2026
Македонија

МИСТЕРИЈА СО ТЕШКО ПОВРЕДЕН ПАЦИЕНТ Болницата пријавила пад од кревет,

22/09/2026
Македонија

ДОБРЕ ДОЈДЕ ЕСЕН Златната сезона почнува ноќеска во 2:05 часот

22/09/2026
Македонија

🎥📷 МИЦКОСКИ ОБЈАВИ ВИДЕО ОД СРЕДБИТЕ ВО ЊУЈОРК Нови можности

22/09/2026
Македонија

29-ГОДИШНИК ПРИВЕДЕН ВЕДНАШ ПО СЛЕТУВАЊЕТО Гостиварец треба да одлежи две

22/09/2026
Македонија

ЗАМИНАЛ НА РАБОТА, НЕ СЕ ВРАТИЛ ДОМА Mаж пронајден мртов

22/09/2026
Македонија

ЗАМИНАЛ НА РАБОТА, НЕ СЕ ВРАТИЛ ДОМА Mаж пронајден мртов

22/09/2026
Македонија

НЕ НОСАТ ШЛЕМОВИ АМА ШИБААТ НА СИТЕ СТРАНИ Казнети 10.411

22/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45726
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРОНАЈДЕНА МРТВА ПО ГАСЕЊЕ НА ПОЖАРОТ Женско тело најдено во една од собите на запалената

22/09/2026

69-годишна жена загина во пожар што избувнал во куќа во валандовското село Пирава. Пожарот бил пријавен вчера околу 17:55 часот,

МИСТЕРИЈА СО ТЕШКО ПОВРЕДЕН ПАЦИЕНТ Болницата пријавила пад од кревет, тој тврди дека го нападнал

22/09/2026

35-годишен штипјанец со тешки телесни повреди бил пренесен на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, а околностите под кои се

ДОБРЕ ДОЈДЕ ЕСЕН Златната сезона почнува ноќеска во 2:05 часот

22/09/2026

Есента во Македонија и на северната хемисфера на Земјата ќе почне ноќеска во 2:05 часот по полноќ. Во исто време

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy