Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МАКЕДОНИЈА ЈА ПОТВРДИ ОБВРСКАТА КОН ОХРИДСКИОТ РЕГИОН Владина делегација на средба со УНЕСКО во Париз
Македонија

МАКЕДОНИЈА ЈА ПОТВРДИ ОБВРСКАТА КОН ОХРИДСКИОТ РЕГИОН Владина делегација на средба со УНЕСКО во Париз

10/02/2026

AA

Потврдена е определбата на Македонија за спроведување на преземените обврски за заштита на охридскиот регион, напиша на својот фејсбук профил вицепремиереот и министер за транспорт Александар Николоски кој денеска во Париз, заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков и министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, оствари средба со генералниот директор на УНЕСКО, Калед Ел-Енани.

Македонската владина делегација со која се и градоначалниците на Општина Охрид и Општина Струга, Кирил Пецаков и Менди Ќира, оствари средби и со претседателот на 43. Генерална конференција на УНЕСКО, Конгкер Мохамад Талха, како и со претседателот на Извршниот одбор на УНЕСКО, Насер бин Хамад Ал Хинзаб.

– Разговаравме за значењето на УНЕСКО во современиот свет како единствена мултилатерална организација што промовира дијалог и меѓународна соработка во областите на образованието, науката, културата и комуникациите. Во фокусот на разговорите беше состојбата на охридскиот регион како природно и културно светско наследство, при што беше нагласена важноста од континуирана и навремена имплементација на препораките за заштита, со цел зачувување на неговиот статус на Листата на светско наследство. За време на средбите беше потврдена определбата на државата за спроведување на преземените обврски за заштита на охридскиот регион, како и подготвеноста за продолжување на соработката со Република Албанија во рамки на постојните механизми, со цел обезбедување долгорочна и одржлива заштита на регионот – информира Николоски.

Според Муцунски, станува збор за прва ваква средба со генералниот директор на УНЕСКО, на која фокусот бил ставен на охридскиот регион како природно и културно светско наследство.

„Ја нагласивме важноста од континуирана и навремена имплементација на препораките за заштита, со цел зачувување на неговиот статус на Листата на светско наследство.

Притоа, ја потврдивме определбата на државата за доследно спроведување на преземените обврски, како и подготвеноста за продолжување на соработката со Република Албанија во рамки на постојните механизми, во насока на обезбедување долгорочна и одржлива заштита на охридскиот регион“, напиша Муцунски на својот фејсбук профил.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Промена на времето: Во сабота дожд, грмежи и засилен северен

11/09/2026
Македонија

Повеќе од дваесет дуќани изгореа во пожар во Шуто Оризари

11/09/2026
Македонија

Бројот на автомобили за 10 години пораснал за 60 отсто,

11/09/2026
Македонија

Пронајден и казнет мажот кој фрлаше ѓубре во Радика

11/09/2026
Македонија

Јакимовски сè уште е во „Шутка“, ја чека писмената одлука

11/09/2026
Македонија

Екс директорката Асани оди во куќен притвор, продолжува истрагата за

10/09/2026
Македонија

НОВА КРИЗА НА ОНКОЛОГИЈА: Пациентките со рак на дојка повторно

10/09/2026
Македонија

Голем успех: 11-годишниот Андреј Цековски донесе злато од САД

10/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45635
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Промена на времето: Во сабота дожд, грмежи и засилен северен ветер

11/09/2026

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе

Повеќе од дваесет дуќани изгореа во пожар во Шуто Оризари – нема повредени

11/09/2026

Голем пожар ноќеска избувна во трговски објект во скопската општина Шуто Оризари, при што изгореа повеќе од дваесет дуќани. Според

Бројот на автомобили за 10 години пораснал за 60 отсто, дизелите убедливо доминираат

11/09/2026

Македонија во последните години бележи значителен пораст на бројот на автомобили, но и покрај сè поголемата застапеност на хибридните и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy