Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МАКЕДОНЦИТЕ ГО ИСПИЈА И ПИВОТО И СОКОВИТЕ – еве како Прилепска пиварница „наточи“ двојно повисок профит во првото полугодие
Економија

МАКЕДОНЦИТЕ ГО ИСПИЈА И ПИВОТО И СОКОВИТЕ – еве како Прилепска пиварница „наточи“ двојно повисок профит во првото полугодие

01/08/2023

AA

Одлично и одело на индустријата за произвиодство на пиво и безалкохолни
пијалоци во земјава.

Тоа барем го покажуваат резултатите на Прилепска пиварница, која за период
од само шест месеци од годинава остварила одличен профит од 1,7 милиони евра,
што е двојно повеќе во однос на истиот период од минатата година.

Ова значи дека нашите граѓани обожуваат
да конзумираат пиво и безалкохолни пијалоци, без оглед на тоа што во изминатиов
период инфлацијата е многу висока и го нагризува животниот стандард,
принудувајќи ги да бираат приоритети и да се концентрираат на основните животни
намирници.

Да видиме како Прилепска пиварница
успеала да ја дуплира својата чиста добивка во првото полугодие од годинава,
која всушност покажува пораст за 99 проценти, согласно Билансот на успех.

Компанијата остварила вкупни
оперративни приходи од нешто над 15 милиони евра, што е раст за 12 проценти.

Најголемиот дел од овие приходи се
приходите од продажба, всушност тоа е главната приходна ставка која на
пиварницата и донела 14,7 милиони евра, или 11 проценти повеќе од истиот период
во 2022 година.

„Во структурата на вкупниот приход
најголемо учество има приходот од продажба на производи и стоки во земјата и
странство од 904.777 денари, што и во вкупниот приход учествува со 95,62 проценти“,
напишале од ова акционерско друштво во образложението на нивниот финансиски
резултат.

И, овде треба јасно да се каже дека токму македонските граѓани се тие што најмногу
пиеле од пивото и соковите на Прилепска пиварница, бидејќи приходите од продажбата
на домашниот пазар на компанијата и донеле приход од 14,6 милиони евра, од што
станува јасно дека тоа е главниот финансиски колач на приходната страна. Во
однос на истиот временски период лани тоа е пораст за прихоидите остварени на
домашниот пазар за 11 проценти.

А, ако сакаме да зборуваме за
значаен раст, него го има кај приходите од продажба на странскиот пазар, и тоа
за 34 отсто во однос на истиот период лани. Но, овде треба да се напомене дека
продажбата надвор е многу помала и таа изнесува 171 илјади евра за шест месеци.
Ова значи дека домашниот пазар е најбитен за оваа компанија, односно токму
македонските граѓани како купувачи.

Приходите од капитализирано
сопствено производство и услуги, иако се помала ставка од 104 илјади евра,
имаат во првото полугодие раст од дури 188 проценти.

Останатите оперативни приходи, пак,
биле на ниво од 246 илјади евра и имаат зголемување за 63 проценти.

Кога ќе одиме на страната на
трошоците, пак, ќе видиме дека оперативните расходи пораснале, но со многу
помала стапка од приходите, односно кај нив зголкемувањето за шесте месеци е за
3 проценти во однос на истиот период лани. Инаку, во првите шест месеци од
годинава Прилепска пиварница направила вкупно расходи од близу 14 милиони евра.

За своите вработени компанијата од Прилеп направила трошоици од 1,5 милиони
евра, што е зголемување за 12 отсто во однос на истиот период лани. Овој пораст
се должи на зголемување на платите на вработените, и од компанијата тоа
прецизно го имаат објаснето во своето образложение на финансискиот резултат.

„Бруто платите во износ од 92.372 денари се зголемени за 11,85 отсто, што е
во линија со остварените приходи во деловната година ( задржување на вредноста
на платите и пораст во услови на зголемени приходи) односно Прилепска пиварница
ја остварува донесената стратегија колку што е можно помалку тековните проблеми
во 2023 година да се рефлектираат врз платите на вработените“, се вели во
објаснувањето од компанијата.

Таму се додава и дека надоместот на
трошоците на вработените од 12.689 денари забележал зголемување од 213,26
отсто, а трошоците за репрезентација, донации и спонзорства остварени во износ
од 10.082 денари се зголемени за144,96 отсто.

Инаку, како што пишуваат во
Овразложението, во текот на првата половина од годинава, Прилепска Пиварница го
продолжила инвестицискиот циклус со значителни вложувања во недвижности,
постројки и опрема, со вкупна набавна вредност од 121.454 денари.

Прилепска Пиварница потенцира дека во
првото полугодие од 2023 година, како
и во изминатите години, како што нагласуваат, финансирањето на редовните и
инвестициските активности ги покрива од сопствени извори, поради што во
финансиските извештаи не е искажана никаква кредитна задолженост.

„Во донесениот план за втората половина
од годинава, се очекува раст на добивката на крајот на годината, што се темели
на очекувањата и проекциите за условите на пазарите, зголемувањето на цените на
готовите производи, контрола на трошоците, како и намалување на количините на електрична
енергија кои се потребни да се обезбедат, затоа што повеќе од една третина ќе
се обезбедат од сопствената фотоелектрична централа“, објаснуваат од
Пиварницата околу тоа каков е нивниот план за работа до крајот на годинава.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОРАДИ ИЗЛЕВАЊЕ НА ВАРДАР ЗАТВОРЕН Е ПАТОТ ГОСТИВАР – СЕЛО

18/02/2026
Македонија

ВОЗЕЛЕ БЕЗ ДОЗВОЛА И СО ЗАБРАНА Полицијата приведе осум лица,

17/02/2026
Македонија

ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ СО ХЕЛИКОПТЕР НА МВР ЛЕТАА ДО ПРИЛЕП

17/02/2026
Македонија

Реките се полнат, Вардар и Треска неколкупати над просекот: Поплавените

17/02/2026
Македонија

МУРТЕЗАНИ ВО БРИСЕЛ, МАНГОВА ВО ЛОНДОН, ИЉАЗОСКА ВО ХАГ… Владата

17/02/2026
Македонија

Владата ја „освежува“ дипломатијата: Орхан Муртезани оди во НАТО, Илина

17/02/2026
Македонија

„Повредата на данскиот скијач не се случи на патека под

17/02/2026
Македонија

СИНДИКАТОТ БАРА НЕШТО ШТО СДСМ 7 ГОДИНИ НЕ МУ ГО

17/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41592
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОРАДИ ИЗЛЕВАЊЕ НА ВАРДАР ЗАТВОРЕН Е ПАТОТ ГОСТИВАР – СЕЛО ЧЕГРАНЕ Снег паѓа на граничните

18/02/2026

Поради излевање на Вардар од синоќа воведена е забрана за сообраќај на регионалниот пат Гостивар – село Чегране во село

ВОЗЕЛЕ БЕЗ ДОЗВОЛА И СО ЗАБРАНА Полицијата приведе осум лица, еден бил и пијан

17/02/2026

Осум возачи биле приведени во текот на вчерашниот ден во различни градови низ државата поради сериозни прекршоци во сообраќајот. Седуммина

ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ СО ХЕЛИКОПТЕР НА МВР ЛЕТАА ДО ПРИЛЕП Ги злоупотребуваа државните ресурси, а

17/02/2026

СДСМ повторно покажува дека нема никаква визија и идеја за развој на Македонија,  без идеи секојдневно растура пердуви во јавноста

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy