Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мајка на загинато девојче од Кочани: Кој има душа, разум и развиени мозочни ќелии, ќе застане рамо до рамо со нас – родителите, и ќе се бори за правда за убиените ангели!
Македонија

Мајка на загинато девојче од Кочани: Кој има душа, разум и развиени мозочни ќелии, ќе застане рамо до рамо со нас – родителите, и ќе се бори за правда за убиените ангели!

06/06/2025

AA

„Кој има душа, разум и развиени мозочни ќелии, ќе застане рамо до рамо со нас – родителите, и ќе се бори за правда за убиените ангели. Така ќе покаже дека е совесен родител кој размислува за иднината на сопствените деца. Да кажеме стоп на криминалот, корупцијата, насилството и дилерите што ни ја уништуваат иднината. Половина деца ни се иселија, од оние што останаа – ги убија!“, порачува Верица Трифунова, мајка на загинатата Моника Спасова, во пресрет на седмиот „Марш за ангелите“ што ќе се одржи во сабота, 7 јуни, во Кочани.

Во својот јавен апел, Трифунова вели дека трагедијата не завршила само со смртта на децата, туку и со трајните последици врз оние што преживеале:

„Тие што преживеаја, трајно ни ги оштетија. Затоа, ако имате грам совест и човечност, барем за детските животи, придружете ни се – да се потсетиме што се вистинските вредности во животот, вредности што не се купуваат со пари.“

Маршот, кој се организира во чест на загинатите и во поддршка на закрепнувањето на повредените од пожарот во ноќниот клуб „Пулс“, ќе започне во 16:05 часот од Паркот на револуцијата. Потоа, учесниците ќе се упатат кон Трговскиот центар, пред Општина Кочани, Полициската станица и Основниот суд и Обвинителството.

Организаторите повикуваат сите граѓани кои се залагаат за неселективна правда и поддржуваат борба против неказнивоста, да им се придружат.

Сите надлежни институции се уредно известени за одржувањето на настанот, а медиумите се замолуваат со почит да ја проследат иницијативата, имајќи разбирање за болката и достоинството на семејствата на настраданите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy