Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 М. Сити со тешка артилерија го реши Бристол, Лестер изненаден во ФА-купот!
Спорт

М. Сити со тешка артилерија го реши Бристол, Лестер изненаден во ФА-купот!

28/02/2023

AA

Манчестер сити не дозволи ни да се зборува за чудо во осминафиналниот судир од ФА-купот, против членот на Чемпионшип, Бристол, но затоа изненадување доживеа Лестер, од Блекбурн.

Првиот шампион на Премиерлигата, кој во моментов е четврти во втората по ред дивизија го совлада Лестер со 2-1. Долан го најави изненадувањето во 33. минута, а Смодич го зголеми водството по седум минути во вториот дел. Лестер, кој играше со комбиниран тим, во кој на една рака се броеја регуларните стартери, притискаше, меѓутоа се што направи беше голот на Ихеначо во 67. минута, за ублажување на поразот.

Манчестер сити, за таа разлика, го отвори гостувањето кај Бристол со одличен тим, со Де Брујне, Марез, Бернардо Силва и Фоден во офанзивниот дел од теренот, како поддршка за Алварез, кој го замени Халанд. Славеше со 3-0, со два гола на Фоден и еден на Де Брујне. Интересен момент беше тоа што, Пеп Гвардиола го смени голманот на половина меч. Ортега го почна, а Едерсон го заврши дуелот.

Покрај овие две средби, Брајтон славеше со 1-0 на гости кај Стоук, а Фулам со 2-0 го надигра Лидс, пред своите гледачи. Осминафиналето во ФА-купот ќе продолжи утре, со мечевите: Манчестер Ј. – Вест Хем, Шефилд јунајтед – Тотнем, Саутемптон – Гримзби, додека Барнли на нашиот Дарко Чурлинов ќе го пречека членот на Лига 1, Флитвуд.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Еден пожарникар со изгореници, вчерашниот ден бил еден од најтешките

14/08/2026
Македонија

Од Охридско езеро извлечено тело на 46-годишен маж од Грузија

13/08/2026
Македонија

Скопјанец си го пронашол починат сопствениот син!

13/08/2026
Македонија

Трагедија во Аеродром: Работник почина откако го прегазил виљушкар кој

13/08/2026
Македонија

МНР: Нема официјална бројка за евакуирани македонски државјани од пожарите

13/08/2026
Македонија

Ангелов: Спречена е голема катастрофа во село Лознани, но опасноста

13/08/2026
Македонија

Полицијата со детали: 13 лица споделувале лажни вести за водата

13/08/2026
Македонија

Секој плаќа за себе: Wolt ја воведе функцијата Split Payments

13/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45011
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Еден пожарникар со изгореници, вчерашниот ден бил еден од најтешките во справувањето со пожарите во

14/08/2026

Вчерашниот ден бил еден од најтешките ова лето во справувањето со пожарите низ Македонија, а најкритично било во Пелагонискиот Регион

Од Охридско езеро извлечено тело на 46-годишен маж од Грузија

13/08/2026

На 12.08.2026 во 14:32 часот во СВР Охрид е пријавено дека од водите на Охридско езеро, кај Пештани, било извлечено

Скопјанец си го пронашол починат сопствениот син!

13/08/2026

Денеска (13.08.2026) во 12:02 часот во СВР Скопје, А.А.(71) од Скопје пријави дека околу 09:00 часот во семејниот дом го

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy