Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЛУДУВАЛ ПО АВТОПАТ СО 294 КМ НА ЧАС, ПА СЕ ПОФАЛИЛ СО ВИДЕО!? Полицијата го откри и го казни
Македонија

ЛУДУВАЛ ПО АВТОПАТ СО 294 КМ НА ЧАС, ПА СЕ ПОФАЛИЛ СО ВИДЕО!? Полицијата го откри и го казни

21/01/2026

AA

Министерството за внатрешни работи експресно реагираше по видео што се појави на социјалните мрежи, на кое се гледа возач како на автопатот Скопје–Гевгелија, во близина на Неготино, развива неверојатни 293 километри на час — повеќе од двојно над дозволената брзина од 120 км/ч.

Секторот за сообраќајни работи и Мобилната единица за безбедност на патниот сообраќај веднаш започнаа оперативни активности, по што возачот беше идентификуван и повикан на разговор. Станува збор за А.Д. (36) од селото Елово, скопско, кој, според МВР, е санкциониран согласно законските одредби.

Видеото, кое самиот возач го објавил онлајн, предизвика силни реакции во јавноста, отворајќи повторно прашања за опасното возење и културата во сообраќајот. Надлежните потсетуваат дека ваквото однесување не е само прекршок, туку и директна закана по животот и безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Од МВР упатија и јасен апел до возачите да ги почитуваат правилата и ограничувањата на брзината, нагласувајќи дека контролите ќе продолжат, а секое опасно однесување ќе биде соодветно санкционирано.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Среде ноќ украдени целосно два банкомати во „Веро Џамбо“ во

10/07/2026
Македонија

Неексплодирана граната тешка 45 килограми пронајдена кај Неготино

10/07/2026
Македонија

Издадени извозни дозволи за пиштолите подарени на Самитот на НАТО

10/07/2026
Македонија

Шекеринска: Исполнетите ветувања во НАТО ја докажуваат нашата зрелост пред

10/07/2026
Македонија

ТАВ Аеродроми: Двата македонски аеродроми опслужија речиси два милиона патници

10/07/2026
Македонија

Непознати сторители со моторно масло ги уништија реквизитите на детско

10/07/2026
Македонија

ВЛЕН: ДУИ шири интриги и кодоши, меѓуалбанските односи не смеат

09/07/2026
Македонија

Албанската полиција: Тројцата функционери на ВЛЕН не биле спречени да

09/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44294
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Среде ноќ украдени целосно два банкомати во „Веро Џамбо“ во Центар

10/07/2026

Министерството за внатрешни работи соопшти дека ноќеска неколку лица насилно отвориле банкомат во трговскиот центар „Веро Џамбо“ на подрачјето на

Неексплодирана граната тешка 45 килограми пронајдена кај Неготино

10/07/2026

Неексплодирана артилериска граната калибар 155 милиметри, тешка околу 45 килограми и потекло од Првата светска војна, е пронајдена во атарот

Издадени извозни дозволи за пиштолите подарени на Самитот на НАТО во Анкара

10/07/2026

Надлежните институции на Турција излегоа со официјално појаснување во врска со специфичните подароци што претседателот Ердоган им ги врачи на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy