Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Лудогорец посрамотен на Косово, хаос на Малта и убедлив триумф на Макаби Хаифа (ВИДЕО)
Спорт

Лудогорец посрамотен на Косово, хаос на Малта и убедлив триумф на Макаби Хаифа (ВИДЕО)

11/07/2023

AA

Бугарскиот гигант Лудогорец, реводен учесник во групните фази во Европа доживеа невиден срам на Косово, откако вечерва Балкани ги победи „орлите“ од Разград со 2-0 и им најави можна елиминација уште на стартот на квалификациите во Лигата на шампионите.

Косовскиот тим кој лани првпат избори групи во Конференциската лига и тоа со елиминација на екс-македонскиот првак Шкупи во плејофот, вечерва приредија вистинска сензација, иако против бугарскиот шампион беа тотални аутсајдери.

Меритон Кореница со гол на крајот од првиот дел и со асистенција за Кендрим Зиба после десет минути во вториот дел, беше херојот на Балкани за големата победа со која косовскиот првак направи голем чекор кон второто коло, а со тоа најмалку сигурен плејоф за повторување на ланскиот успех и настап одново во Конференциската лига.

Изненади и исландски Брејдаблик кој во Ирска го победи Шамрок со 1-0, иако Исланѓаните во оваа летна авантура тргнаа од предквалификациите, а босански Зрињски направи голем чекор кон втората рунда откако славеше на гости во Ерменија кај Уарту со 1-0.

Во следна фаза веќе сигурно оди Макаби Хаифа, која со 4-0 го збриша Хамрун на Малта, но мечот имаше и прекин поради тежок инцидент, откако израелскиоте навивачи жестоко одговорија на провокациите од домашните гледачи, кои им викаа „Палестина, Палестина“.

Ugly scenes at the Centenary Stadium as Maccabi Haifa fans clash with Hamrun Spartans supporters – chants of ‘Palestina’ come from the home end soon after as a number of fans filter out of the ground. Disgraceful. pic.twitter.com/jU7AAGin4W

— Andrew Dempsey (@AndrewDempsey98) July 11, 2023

Неочекувано Ференцварош одигра реми без голови на гости на Фарските Острови кај Ки Класквик, додека Карабах со пресврт славеше на Гибралтар кај Линколн со 2-1, а со ист резултат Олимпија во Љубљана ја победи летонска Валмиера.

РЕЗУЛТАТИ, ПРВО КОЛО, ПРВИ МЕЧЕВИ

Уарту – Зрињски 0-1

Линколн – Карабах 1-2

Жалгирис – Струга ТЛ 0-0

Хамрун – Макаби Хаифа 0-4

Олимпија Љубљана – Валмиера 2-1

Раков – Флора Талин 1-0

Ки Класквик – Ференцварош 0-0

Партизани – БАТЕ Борисов 1-1

Шамрок роверс – Брејдаблик 0-1

Балкани – Лудогорец 2-0

 

 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
Македонија

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија

08/08/2026
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44917
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026

Трагичен настан бил пријавен во Штип во раните утрински часови на 7 август. Според информациите од полицијата, во 02:45 часот

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија под топлотен бран

08/08/2026

Високите амбиентни температури донесоа значително зголемен прилив на пациенти на Детското одделение во Општата болница во Куманово, каде што дневно

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026

Од Бодрум со владиното авионче попладнево на скопскиот аеродром беше префрлен патникот кој се здобил со побреди во Турција, потврдиваат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy