Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Луѓето првично мислеа дека бучавата е дел од чинот“, вели очевидец на нападот во Москва
Македонија

„Луѓето првично мислеа дека бучавата е дел од чинот“, вели очевидец на нападот во Москва

23/03/2024

AA

Би-Би-СИ разговараше со лица кои биле затекнати при синоќешниот смртоносен напад во московската концертна сала Крокус.

Една жена со својата 11-годишна ќерка купувала сладолед во кафуле во близина на влезот, кога слушнале бучава и некој викал да се спуштат на подот.

„Побрзавме кај децата, легнавме и почнавме да поставуваме барикади од масите и столовите, а неколку ранети дотрчаа до нас“, изјавила за Би-Би-Си една жена која била во кафулето со нејзината 11-годишна ќерка.

Во театарот, концертот требаше да започне за само неколку минути и некои мислеа дека бучавата можеби е дел од чинот.

Софико Квирикашвили го слушнала она што првично мислеше дека е „некаков бескраен рафал од петарди.

„Се свртев кон салата еднаш, потоа повторно. Третиот пат сфатив дека сите во салата почнаа да бегаат на сите страни“.

Дејв Примов, фотографот, рече дека имало бегање и сцени на паника.

Некои во театарот се обидоа да легнат меѓу седиштата, но со неколку вооружени напаѓачи кои отворија оган, тоа нудеше мала заштита.

Оние од публиката кои можеа, се упатија кон сцената. Други се обидоа да најдат повисоки излези, само за да најдат некои од вратите заклучени. Очевидци рекоа дека таму имало и постари луѓе, како и деца, сите фатени во нападот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Проработе единствениот ПЕТ/КТ скенер во земјава – денеска закажани 9

21/08/2026
Македонија

Нема повеќе возење без контрола: Сите службени возила на Град

21/08/2026
Македонија

Мицкоски: 14 луѓе живи гореа во Тетово, а Обвинителството не

21/08/2026
Македонија

43 случаи на западнонилска треска, вирусот првпат потврден и кај

21/08/2026
Македонија

Месечно за живот во изнајмен стан се потребни над 84

21/08/2026
Македонија

Дивокоза за првпат после долго време е забележана на фотозамките

21/08/2026
Македонија

Дете се затруло со бензин во Куманово, пренесено во болница

20/08/2026
Македонија

МВР: Ставена во функција апликацијата „Безбеден град“ за странските возила

20/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45156
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy