Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЛУЃЕ МУ ТРЕБАЛЕ И НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО – се бараат над 40 нови вработувања, има плати и над 40 илјади денари
Економија

ЛУЃЕ МУ ТРЕБАЛЕ И НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО – се бараат над 40 нови вработувања, има плати и над 40 илјади денари

21/12/2023

AA

Не
се 500, ама затоа се 41 лице. Не вработува само Електростопанство на
Македонија, туку и Фондот за здравствено осигурување.

Се
бараат 41 вработен, главно соработници за разни прашања, како што се соработник
за буџетирање, и тоа тројца вакви кадри, потоа соработник за фармација,
сортаботник за контакт со јавноста, соработник за проектирање, потоа соработник
за спроведување на финансиска процедура, соработник за информатичка поддршка, а
се бараат и контролори, потоа републички контролор, како и еден раководител,
кој ќе треба да менаџира со подрачната служба во Ресен.

Најмногу
од овие барани кадри треба да имаат високо образование и тоа или Економски
факултет, бизнис и менаџмент, или Фармација, а се бара и Книжевност,
Информатика, како и факултет од областа на правните науки.

Најголем
дел од овие луѓе или околу 16 од нив, ќе работат за плата од 34.054 денари,
која е под просечната во државава, но и не е така лоша како за почетници во
одредена институција.

Повисока
плата од нив, на сума од 36.304 денари ќе земаат исто толку луѓе, бидејќи од
нив ќе се бара да имаат извесен период на искуство во струката.

За
двајца е предвидена плата од 37.204 денари, додека, пак, шесторица ќе земаат
плата од 38.554 денари.

Ќе
има и три плати од над 40 илјади денари и тоа за раководителите, и тоа една од
41.654 денари, втората од 42.204 денари и третата од 43.004 денари.  

И,
кога станува збор за националностите кои се бара да бидат вработени со овој
најнов оглас објавен на веб страната на Агенцијата за администрација, треба да се напомене дека
најголем број од нив или 25 ќе бидат Македонци или Македонки, потоа 12 места се
предвидени за Албанци, две места има за етничката определба Турчин, еден ќе
биде Ром и еден ќе биде од друга националност.

Како
што е познато, најголема бука во јавноста деновиве се крена откако беше
обелоденето дека за АД ЕСМ кое е во државна сопственост, се планира и се бараат
на оглас 500 луѓе.

Од АД
ЕСМ тоа го оправдаа со фактот дека од
почетокот на 2020 година до крај на 2023 година бројот на вработени се намалил
за 1.190, од кои над 76
проценти биле со работни места во производствениот процес, а над 23 проценти
административни работни места. Најголем
процент од оние кои заминале, соопштија од АД Електрани на Северна Македонија,
бил по основ одење во пензија, но и поради други причини, вклучувајќи го и
заминуавњето во приватниот сектор.

„Изминатата година кога се соочивме со
енергетската криза, се почувствува сериозна
потреба за нови вработени особено во делот на производство на електрична
енергија. Потребите за електрична енергија се исти и поизводството е потребно
да продолжи со исто темпо, да остане сигурно и стабилно, а за тоа се потребни
стручни лица кои ќе го овозможат“, се
наведува во соопштението.

АД
ЕСМ, се вели во соопштението, има најголема потреба од вработени во производствениот
процес и останат помошен персонал, токму затоа над 87 проценти од огласите за
врабтување се однесуваат токму на ваков кадар, само 12 проценти се однесуваат
за работни места во административниот дел, но во функција на производствениот
процес

Според
премиерот Димитар Ковачевски вработувањата во ЕСМ не се предизборни, бидејќи
изборите биле во мај а сега сме декември.

„Јас
не би кажал дека се предизборни вработувања, изборите се на осми мај, а денеска
сме декември. Така што не знам тука што е предизборно. Инаку, за тоа која
компанија како работи се прашува менаџментот на компанијата, така што прашањата
ќе морате да ги поставите до менаџментот, а сигурно дека вработувањата се дел
од техничко технолошкиот процес за пополнување на потребните работни места“,
изјави Ковачевски.

Но, ВМРО-ДПМНЕ со ова не се согласува. 

Огласот на ЕСМ, за над нови 500 партиски вработувања во оваа
институција, според нив, „е само очајнички обид на Ковачевски, Ахмети, Груби и Спасовски,
колку толку, макар и за еден промил, да го ублажат поразот, на изборите во мај,
кој ги чека, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Оглас за вработување, на над 500 луѓе, во само
една институција и тоа на само еден месец од формирањето техничката влада, е
ништо друго, него класичен обид за вработување на партиски војници, каде
платите за овие објавени позиции се движат од 30 до 60 илјади денари. Ако на
народот веќе не му е јасно, зошто ги немаме почнато преговорите за влез во ЕУ,
еве ова е еден класичен пример, како настрана, корупцијата и криминалот и со
вакви потези, се руши кредибилитетот на државата“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

БОБИ ХРИСТОВ ПРОГЛАСЕН ЗА ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК ВО ТЕЛМА Телевизијата најавува

29/09/2026
Македонија

УТРАТА СЕ СПУШТААТ КОН НУЛА, A ПРЕКУ ДЕН ДО 27

29/09/2026
Македонија

📽️ „ХОТЕЛСКА КОАЛИЦИЈА“ НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА ПЕТРОВ Некултурно е

29/09/2026
Македонија

ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЕУ Е ИНВЕСТИЦИЈА ВО СОПСТВЕНАТА БЕЗБЕДНОСТ Муцунски со

29/09/2026
Македонија

СВЕЧЕНО ЗАКОПУВАЊЕ НА „ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ“ НА ЕВРОПСКИТЕ ПРИНЦИПИ НА ЈУГОТ

29/09/2026
Македонија

167 ПРЕКРШОЦИ ЗА САМО ПЕТ ЧАСА Засилени контроли возачите на

29/09/2026
Македонија

ПО ХАВАРИЈАТА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“, ВРАБОТЕНИТЕ ЌЕ РАБОТАТ ОД ДОМА

29/09/2026
Македонија

📽️ 📷 СНАЈПЕР, ПУШКИ И ЗНАМЕ НА ИСИС НАЈДЕНИ КАЈ

29/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45877
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

БОБИ ХРИСТОВ ПРОГЛАСЕН ЗА ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК ВО ТЕЛМА Телевизијата најавува нова систематизација, ССНМ застана зад

29/09/2026

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изрази загриженост поради најавите од ТВ Телма за отпуштање новинари и медиумски

УТРАТА СЕ СПУШТААТ КОН НУЛА, A ПРЕКУ ДЕН ДО 27 СТЕПЕНИ Есента покажува различни лица

29/09/2026

Под влијание на поле со висок воздушен притисок, Македонија ја очекува период на релативно стабилно време, но утрата ќе стануваат

📽️ „ХОТЕЛСКА КОАЛИЦИЈА“ НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА ПЕТРОВ Некултурно е ставовите да ги соопштувате од

29/09/2026

Проф. д-р Андреј Петров, гостувајќи во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, зборуваше за критиките кон иницијативата во која учествува, како

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy