Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Половина година трае повикот за доградба на автопатот Скопје – Блаце
Економија

Половина година трае повикот за доградба на автопатот Скопје – Блаце

21/12/2023

AA

Повикот за интерес на изведувачи кои ќе ја градат втората фаза од 10,5 километри од автопатот Скопје – Блаце ќе трае најмалку половина година. Јавното претпријатиуе „Државни патишта“ го објави на 13 јули, а рокот за пријавување, како последно, е поместен за 10 јануари 2024.

Од „Државни патишта“ не одговараат дали досега се пријавиле воопшто одредени компании, а од она што го велат за „Фактор“ е тоа дека поместувањата на роковите се на иницијатива на финансиерот – Европската банка за обнова и развој.

„Рокот е продолжен по барање на ЕБОР согласно со нивните потреби. ЈПДП е согласно и мора да ги спроведе во целост нивните барања“, гласи одговорот кој го добивме од јавното претпријатие. На прашањето кога ќе биде избрана и објавена најдобрата понуда, од таму единствено одговорија „Во најбрз можен рок“.

Повикот првично беше отворен до 21 август годинава, а потоа неколку пати се продолжуваше. Објавата е достапна на веб-страницата на Јавното претпријатие за државни патишта и Европската банка за обнова и развој, од која за проектот е обезбеден заем во износ од 167 милиони евра, а 20,8 милиони евра грант се на располагање преку Инвестициската рамка за Западен Балкан.

Автопатот Скопје-Блаце е во вкупна должина од 12,5 километри, а од мај 2020 година на терен се одвиваат активности за првата фаза, во должина од 2,5 километри и требаше да биде готов до август 2021 година и да чини 17 милиони евра. Бидејќи работите не беа завршени, во јануари 2023 година беше потпишан нов договор со скопски „Гранит“, за завршување на изградбата, вреден 11 милиони евра и краен рок до почетокот на 2026 година.

Токму за бавната реализација на првата фаза, познавачите коментираа дека, како што се движат работите, два километри автопат ќе чини вкупно 28 милиони евра, а можеби и повеќе. 

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Г.Г. Стефан со Илинденско послание

30/07/2026
Македонија

Потврден новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на жени

30/07/2026
Македонија

МЗ наложи дополнителна терестичка дезинсекција против комарци во населба Драчево

30/07/2026
Македонија

Вечерва прскање против комарци во Кисела Вода

30/07/2026
Македонија

Локализиран пожарот кај Лешница, интервенираа два ер трактори

30/07/2026
Македонија

ФОТО Граѓаните веќе тргнаа на продолжен викенд за Илинден

30/07/2026
Македонија

Домаќинствата можат да добијат до 30.000 денари субвенции за приклучок

30/07/2026
Македонија

Еден месец Task Force: Запленети над 43 кг марихуана, приведени

30/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44767
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Г.Г. Стефан со Илинденско послание

30/07/2026

По повод претстојните илинденски празнувања, поглаварот на Македонската православна црква, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, заедно со Светиот архиерејски

Потврден новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

30/07/2026

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ го потврди новиот состав на својот Извршен комитет, соопшти претседателката на Унијата, Марија Митева, оценувајќи

МЗ наложи дополнителна терестичка дезинсекција против комарци во населба Драчево

30/07/2026

Министерството за здравство информира дека го задолжи Центарот за јавно здравје–Скопје вечерва да спроведе дополнителна терестичка (од земја) адултицидна дезинсекција

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy