
Лориен првпат победи сезонава и тоа со стил – го згази Лил
Дека победата нема да им избега пред своите гледачи, Лориен најави во една минута со два гола во првите 10 минути од стартот на мечот. Абергел погоди во деветтата, а Понсо во десеттата, а потоа со нов блицкриг од пет минути по еден час игра ја заверија победата.
ПрвоЏонатан Давид намали во 55-та, а потоа следеа двата гола на Лориен, Фаивр во 62-та, па Ле Гоф во 67-та.
Лориен со пет бода од три кола сега е седми, исто бодови како и шестиот Рен, додека Лил остана на четири на десетото место.
