Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Лога : Стратегија за развој на правосудниот систем ( 2024-2028) е патоказ за наредните 5 години за враќање на довербата на граѓаните во судството
Македонија

Лога : Стратегија за развој на правосудниот систем ( 2024-2028) е патоказ за наредните 5 години за враќање на довербата на граѓаните во судството

28/12/2023

AA

Министерот за правда Кренар Лога и претседателот на работната група Академик Владо Камбовски ја презентираа Развојната Стратегија за правосудството која беше усвоена на последната валдина седница а со која се предвидени суштински реформи.

,,Ова е стратешки документ кој се донесува заради утврдување, планирање и спроведување на политиките за натамошен развој на првосудниот систем. Покрај прашањата поврзани со судството, Стратегијата предвидува и низа мерки во други области кои се значајни за извршување на функциите на правосудниот систем и ефикасно остварување на правата на физичките и правните лица пред правосудните органи. Основната цел е да се почитува начелото на владеење на правото и да се врати довербата на граѓаните ”,рече министерот за правда Кренар Лога.

Претседателот на работната група ,Академик Владо Камбовски посочи дека се наоѓаме во време кога пред нас е започнување на преговори со ЕУ, а без напредок на тој кластер не може да се водат преговори. Како главен ризик фактор за спроведување на Стратегијата ја посочи политиката.

Иднината на нашата држава зависи од развојот на судството .

Стратегијата во целост е усогласена со препораките на Оценската мисија за Судскиот совет.

Во неа се предвидени активности за зајакнување на изборот, дисциплинската постапка и разрешувањето на судиите и јавните обвинители.
Се зголемува транспарентноста на двата совети со одржување јавни седници кои ќе имаат директен пренос.
Предвидени се реформи и во изборот, одговорноста и разрешувањето на претседател и членови на Судскиот совет.

Измена на Законот за Судски совет во поглед на постапката за избор на членови од редот на судии со предвидување цензус.

Измена на Законот за Совет на јавни обвинители

Измена на Закон за судови и Закон за јавно обвинителство

Прецизирање на постапката за избор на јавен обвинител на ОЈОГОКК.
За зајакнување на капацитетите посочени се низа активности за Врховниот суд, јавните обвинителства и судовите. Целосно функционални АКМИС систем и
систем за управување со предмети во јавни обвинителства.

Реформи на Уставниот суд, адвокатура, нотаријат, медијација и извршување.
Унапредување на институционалната рамка за вршење на адвокатската дејност,зголемување на ефикасноста, дигитализацијата и одговорноста на извршителите.

Стратегијата беше дадена на мислење на Европската Комисија кое беше доставено до Министертсвото за правда на 27.11.2023 година.

Во однос на законодавната агенда предвидени се донесување на законската рамка за кривична и граѓанска материја. – нов Кривичен законик, Закон за кривична постапка, Граѓански законик.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НА ВЛЕН МУ ОДГОВАРААТ ПРЕДВРЕМЕНИ, АМА ЗА СТАБИЛНОСТА СЕ ПОТРЕБНИ

09/11/2026
Македонија

ЕУ Ѝ НАНЕСЕ НЕПРАВДА НА МАКЕДОНИЈА Брисел пропушти шанса, некои

09/11/2026
Македонија

ПОЖАРОТ КАЈ БИТ-ПАЗАР Е ПОД КОНТРОЛА Опожарени делови од три

09/11/2026
Македонија

ОПШТИНАТА НЕ Е СПОСОБНА ДА СЕ СПРАВИ СО КРАВИТЕ, ПА

09/11/2026
Македонија

ГИ ГРАДИМЕ ТЕМЕЛИТЕ ЗА СЛЕДНИТЕ ПОБЕДИ Мицкоски на прослава на

09/11/2026
Македонија

ДО ВИКЕНД ТОПЛО И ДОЖДЛИВО, СО ТЕМПЕРАТУРИ НАД 20 СТЕПЕНИ

09/11/2026
Македонија

ГОЛЕМ ПОЖАР КАЈ БИТ-ПАЗАР Гори магацин, огнот го гаснат со

09/11/2026
Македонија

ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ СЕ ПОЧИТУВА ВО ИЈЗ, ДУИ НАПАЃА ОД

09/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46685
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НА ВЛЕН МУ ОДГОВАРААТ ПРЕДВРЕМЕНИ, АМА ЗА СТАБИЛНОСТА СЕ ПОТРЕБНИ РЕДОВНИ ИЗБОРИ Гаши уверен дека

09/11/2026

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, смета дека партиите треба да седнат на разговор за измените на Законот за јавните набавки,

ЕУ Ѝ НАНЕСЕ НЕПРАВДА НА МАКЕДОНИЈА Брисел пропушти шанса, некои работи отидоа предалеку

09/11/2026

Претседателот на Собранието Африм Гаши вели дека Европската Унија сторила неправда кон Македонија со тоа што по потпишувањето на Преспанскиот

ПОЖАРОТ КАЈ БИТ-ПАЗАР Е ПОД КОНТРОЛА Опожарени делови од три куќи, гаснеле 22 пожарникари

09/11/2026

Пожарот што избувна попладнево кај Бит-пазар во Скопје е ставен под контрола. Во интервенцијата учествуваа 9 противпожарни возила и 22

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy