Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Лога: Сите се на став за ветинг, но кој модел ќе биде прифатен се уште е рано да се каже
Македонија

Лога: Сите се на став за ветинг, но кој модел ќе биде прифатен се уште е рано да се каже

27/03/2023

AA

Поддршка имаме и сите се на став за ветинг, но кој модел ќе биде прифатен се уште е рано да се каже, вели министерот за правда Кренар Лога.

На првиот брифинг со медиумите, Лога денеска посочи дека во Министерството за правда не нашол ниту една буква или документ за ветингот и нагласи дека стои на ставот дека мора да има ветинг, но и дека мора да се вклучи и меѓународната заедница.

– Нема да почнам ветинг без ваква поддршка, рече Лога.

Во однос на споредбите со Албанија, Лога рече дека ситуацијата е иста и ние сме далеку подобри, посочувајќи дека во Албанија три четвртини од судиите сами се откажале.

– Има извештај до Венецијанската комисија, каде има компаративна анализа во која како лош пример се посочуваат Србија, Хрватска и Украина, посочи Лога.

За тоа дали може да се очекува генерален реизбор на судии, Лога, рече дека не е време да каже ништо конкретно.

– Што било да кажам е рано. Сите се за ветинг и додека сите се на тој став и јас сум сигурен дека ќе има ветинг, изјави Лога.

Во однос на судиите кои носеле одлуки или решенија, како тие што се посочени во извештајот на Стејт департментот, Лога рече дека за сите кадри кои свесно или несвесно носеле такви одлуки треба да има постапка или разрешување.

– За дел веќе имаме пратено до Судскиот совет. Конкретно и за случајот со Сашо Мијалков за да не застари. Се друго, како коментар на пресуда или одлука ќе биде мое мешање, изјави Лога.

Лога, на брифингот со медиумите, посочи дека како министер очекува во својот мандат, од кој остана година и половина, да се надмине проблемот со недостигот на кадар, особено во Одделението за ревизија и за соработка со НАТО и ЕУ, како и да биде усвоена Стратегијата за 2023-2027 година, со акцент на ветингот, Законот за правична застапеност, Изборниот законик и Канцеларијата за поврат на имот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пензиите ќе пораснат до 3,5 проценти, точниот износ ќе се

28/08/2026
Македонија

За едно деноноќие приведени 16 возачи за „безобѕирно управување“

28/08/2026
Македонија

ВИДЕО Големо количество сахарска прашина над Македонија

28/08/2026
Македонија

8 активни пожари на отворено, три се под контрола

28/08/2026
Македонија

Завршува летниот режим: ЈСП од 1 септември со зимски возен

28/08/2026
Македонија

Семејна драма во Македонска Каменица: Снаата ја нападнала свекрвата, па

28/08/2026
Македонија

Венецуелка пријавила физички напад во апартман во Центар, ѝ биле

28/08/2026
Македонија

Муцунски се прости од кралот Харалд V: „Длабоко сум погоден

28/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45314
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пензиите ќе пораснат до 3,5 проценти, точниот износ ќе се знае во септември

28/08/2026

Пензионерите на почетокот на септември ќе дознаат колкаво ќе биде новото зголемување на пензиите, а првичните пресметки покажуваат раст од

За едно деноноќие приведени 16 возачи за „безобѕирно управување“

28/08/2026

Непочитувањето на сообраќајните правила повторно резултираше со голем број полициски интервенции низ земјава. Во текот на изминатото деноноќие, 16 возачи

ВИДЕО Големо количество сахарска прашина над Македонија

28/08/2026

Жешкиот воздушен бран од Африка денеска носи и зголемено количество сахарска прашина и песок над Македонија, поради што атмосферата на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy