Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Лога: Нула неевидентирани лица, прво место во Европа и второ во светот кои го решаваме проблемот со неевидентираните
Македонија

Лога: Нула неевидентирани лица, прво место во Европа и второ во светот кои го решаваме проблемот со неевидентираните

19/12/2023

AA

Министерот за правда Кренар Лога и премиерот Димитар Ковачевски им поделија изводи од матична книга на родените на неевидентираните лица

Нула неевидентирани лица!

Прво место во Европа и второ во светот кои го решаваме проблемот со неевидентираните. Овие лица повеќе нема да бидат маргинализирани, дискриминирани, лишени од пристапот до здравствена и социјална заштита, образование и пристап до правдата.

Министерот за правда Кренар Лога , заедно со премиерот Димитар Ковачевски ,директорот на УВМК Емир Сулејмани, Државниот секретар во МП Мухамед Точи и пратеничката Љатифа Шиковска  им поделија изводи од матичната книга на родени на досега неевидентираните лица.

Министерството за правда го поддржуваше и координираше процесот за системско и трајно решавање  на повеќедеценискиот проблем на приближно 700 лица ,   кои беа неевидентирани и незапишани во матичната книга на родени.

Дадовме поддршка на подготовката на Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени кој беше донесен во 2020 година.

Предлог на Законот за изменување и дополнување на овој закон беше поднесен од група пратеници во Собранието а донесен на 14 Јуни 2023 година.

Согласно Конвенцијата за правата на детето ,со овој закон се гарантира правото на упис во матична книга на родени на секое дете родено на територијата на Република Северна Македонија  веднаш а најдоцна  45 дена од денот на раѓањето на детето, независно од државјанството и личниот статус на неговите родители.

Донесувањето на овој закон ја покажа  нашата политичка волја за почитување на човековите права на неевидентираните лица.

Благодарност до невладините организации, до УНХЦР и ОБСЕ  за континуирана поддршка која ни ја даваат за решавање на проблемот со лицата неевидентирани во матичните книги.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОВРЕДЕН ПРИПАДНИК НА „ТИГАР“ ВО КАСАРНАТА „ИЛИНДЕН“ Завршил во болница

21/11/2026
Македонија

СТУДОТ ПОЧНУВА ДА ПОКАЖУВА ЗАБИ По сончевите периоди следуваат дожд,

21/11/2026
Македонија

ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ВО ОХРИД И ВО СТРУГА ПОРАДИ ЕДИ

21/11/2026
Македонија

НИТУ ДЕНАР ДОЛГ КОН ПРИПАДНИЦИТЕ НА АРМ Петрушевски тврди дека

21/11/2026
Македонија

ОХРИД НЕ МОЛЧИ ПО БРУТАЛНИОТ НАПАД ВРЗ САРА Граѓаните бараат

21/11/2026
Македонија

КРАВИТЕ ГИ ИЗВАДИЈА ЖИТЕЛИТЕ НА КРИВА ПАЛАНКА НА УЛИЦА Митовски

21/11/2026
Македонија

ИЗБРАНА ТРАСАТА ЗА ЕКСПРЕСНИОТ ПАТ КОЧАНИ – ВИНИЦА – ДЕЛЧЕВО

21/11/2026
Македонија

ЕУ ЈА ЗАТВОРИ ВРАТАТА ЗА ПЛАСТИЧНИОТ ОТПАД КОН МАКЕДОНИЈА Забранет

21/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46875
  • Регион 4000
  • Свет 22
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОВРЕДЕН ПРИПАДНИК НА „ТИГАР“ ВО КАСАРНАТА „ИЛИНДЕН“ Завршил во болница по пад од мотоцикл

21/11/2026

Припадник на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ бил повреден при управување со мотоцикл во касарната „Илинден“, по што со возило на

СТУДОТ ПОЧНУВА ДА ПОКАЖУВА ЗАБИ По сончевите периоди следуваат дожд, снег на планините и минусни

21/11/2026

Променливо облачно време со сончеви периоди, а кон крајот на денот и повремени врнежи од дожд, најавуваат метеоролозите за недела,

ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ВО ОХРИД И ВО СТРУГА ПОРАДИ ЕДИ РАМА Еве кои патишта ќе

21/11/2026

Посетата на албанскиот премиер Еди Рама ќе донесе засилени безбедносни мерки и посебен сообраќаен режим во Охрид и Струга. Ограничувањата

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy