
Личните карти и возачите ќе ви се достават дома, пасошот мора лично да се подигне поради отпечатокот од прст
Македонската полицијата започна со достава на лични карти и возачки дозволи на домашна адреса. Иако ова е пилот проект, сепак е олеснување за голем број од граѓаните.
Пасошите не може да се доставуваат на домашна адреса, бидејќи треба да се активираат со отпечаток од прст при подигнување на патната исправа.
Додека новиот пасош е во изработка, граѓаните може со барање да го побараат и користат стариот пасош доколку во меѓувреме треба да патуваат.
Важно е да се напомене дека овој пилот проект во моментов се спроведува исклучиво во Скопје, појаснуваат од МВР.
Инаку и денеска од 8 до 16 часот ќе работат сервисните шалтери за издавање готови лични документи во „Беко“ и МРТВ во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР)
