Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Левица: Вработените во Еуроникел принудени да работат за минимална плата
Економија

Левица: Вработените во Еуроникел принудени да работат за минимална плата

06/06/2024

AA

Од партијата Левица денеска реагираат дека новиот сопственик на Еуроникел (поранешно Фени), турскиот Јилдирим, ги принудува вработените да прифатат договори на минимална плата.

Според Левица, Владата оставила 740 вработени во потчинета положба на странските капиталисти кои по принципот „земи или остави” ги принудува вработените да работат за минималец, а доколку одбијат ќе бидат заменети со други странски работници. 

„После промена на сопственичката структура во ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ вработените кои со години работеа во оваа фабрика се оставени на егзистенцијален раб.

Менаџментот на фабриката одлучи на работниците да им понуди нови договори со минимални плати, под закана доколку не прифатат ќе бидат заменети со работници од други држави.

Девастирањето и експлоатацијата на трудот на работникот не е ништо ново кога станува збор за странски инвеститори кои единствена цел имаат да направат профит и истиот да го изнесат надвор од државата! Не ретко се случува „странските инвеститори” да се домашни државјани кои со нелегални пари преку оф шор компании наводно инвестираат во Македонија.

​Да се потсетиме дека гигантот ФЕНИ во 70- тите години од минатиот век е изграден од работниците, со народни средства и бил во сопственост на државата! Поради неспособноста и алчноста на политичарите, оваа државна компанија неколку пати е доведена во стечај по што „го спасуваа” приватни компании“, реагираат од Левица.

Од таму додаваат дека ќе поднесат иницијативи до сите релевантни институции со цел да се прекине изживувањето врз работниците.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Дете се затруло со бензин во Куманово, пренесено во болница

20/08/2026
Македонија

МВР: Ставена во функција апликацијата „Безбеден град“ за странските возила

20/08/2026
Македонија

Владата потрошила 6 милиони денари за питка вода за гостиварчани

20/08/2026
Македонија

Од септември ново правило за Google услугите во Македонија –

20/08/2026
Македонија

22 пожари на отворено за еден ден: Осум и натаму

20/08/2026
Македонија

Ангелов: Водата во Гостивар е безбедна, грижата за квалитетот сега

20/08/2026
Македонија

Без концесија копале на државно и приватно земјиште, па ја

20/08/2026
Македонија

Владата најави „училишна кошничка“: Во вторник одлука за пониски цени

20/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45150
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Дете се затруло со бензин во Куманово, пренесено во болница

20/08/2026

Мало дете од Куманово било итно пренесено во болница откако испило бензин. Случајот бил пријавен во полицијата во текот на

МВР: Ставена во функција апликацијата „Безбеден град“ за странските возила

20/08/2026

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека е ставена во функција веб апликацијата со мобилен интерфејс „Безбеден град“, која

Владата потрошила 6 милиони денари за питка вода за гостиварчани

20/08/2026

Речиси шест милиони денари изнесуваат трошоците за обезбедување питка вода за жителите на Гостивар во периодот додека беше во сила

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy