Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Левица смета дека пензионерите со најмали пензии треба да добијат најголемо зголемување на пензиите
Македонија

Левица смета дека пензионерите со најмали пензии треба да добијат најголемо зголемување на пензиите

06/03/2023

AA

Од Левица велат дека согласно новата Методологија за усогласување на пензиите, пензионерите ќе добиваат зголемување на пензиите два пати годишно во март и септември, а зголемувањето ќе биде процентуално исто за сите.

„Односно, сите пензионери ќе добијат зголемување од 6,8%, со што зголемувањето на пензијата ќе зависи од висината на самата пензија. Односно, оние пензионери кои имаат најголеми пензии ќе добијат најголемо покачување од околу 3.500 денари, додека пензионерите со најмали пензии ќе добијат најмало зголемување на пензиите (од околу 850 денари)“, велат од партијата.

Според нив, токму ова најмногу ги разлути пензионерите кои го чекаа ова зголемување со години, но наместо задоволство, добија разочарување и револт.

„Во услови на економска криза, со огромна стапка на инфлација и енормно зголемување на цените на основните прехрамбени продукти (некои дури и за 100%) недозволиво е процентуално зголемување на пензиите.

Методологијата за усогласување на пензиите има за цел токму да ги амортизира проблемите кои настапуваат од зголемувањето на цените и трошоците за живот, а во насока на подобрување на квалитетот на животот на пензионерите. Зголемувањето на пензиите согласно оваа Методологија не само што не и’ служи на целта за која што е донесена, туку го зголемува финансискиот јаз помеѓу пензионерите.

Во услови на континуиран раст на цените на продуктите кои важат подеднакво за сите, зголемувањето на пензиите треба да биде во насока на зајакнување на куповната моќ на најсиромашните, а не обратно. Затоа апелираме Владата на СДСМ и ДУИ наместо популистички решенија, да донесе решенија кои ќе донесат резултати и бенефит за пензионерите, а не разочарување и револт“, велат од Левица.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЕВРОПСКАТА ИНТЕГРАЦИЈА ДА СЕ ЗАШТИТИ ОД ИРАЦИОНАЛНИ ОПСТРУКЦИИ Претседателката Сиљановска-Давкова

23/09/2026
Македонија

ИМАМЕ ЦВРСТИ ОДНОСИ СО САД КОИ НЕ ПРЕПОЗНАВААТ КАКО КЛУЧЕН

23/09/2026
Македонија

ОСТАНУВААТ ПРАВИЛАТА ЗА ПОЛИТИЧКО РЕКЛАМИРАЊЕ ФИНАНСИРАНО ОД ДРЖАВАТА Уставниот суд

23/09/2026
Македонија

ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ ИЗВАДИЛ ПОТВРДА ОД ЛЕКАР-ДОНАТОР НА СДСМ Манасиевски за

23/09/2026
Македонија

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ПЛЕНКОВИЌ ВО ЊУЈОРК Во фокусот – европската перспектива, регионалната

23/09/2026
Македонија

ПОЛИЦАЈЦИ НЕКОЛКУ ДЕНА СПИЕЛЕ НА НИВА ЗА ДА ГИ ФАТАТ

23/09/2026
Македонија

ТУРИСТКА ОД ГЕРМАНИЈА ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО ОХРИДСКИ ХОТЕЛ Наредена е

23/09/2026
Македонија

БЕЗ СОПСТВЕНИ ВИ-МОДЕЛИ И ДАТА-ЦЕНТРИ МАКЕДОНИЈА РИЗИКУВА ДА СТАНЕ ДИГИТАЛНА

23/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45760
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЕВРОПСКАТА ИНТЕГРАЦИЈА ДА СЕ ЗАШТИТИ ОД ИРАЦИОНАЛНИ ОПСТРУКЦИИ Претседателката Сиљановска-Давкова го прими известувачот Томас Вајц

23/09/2026

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими европратеникот и постојан известувач на Европскиот парламент за земјава, Томас Вајц, придружуван од шефот

ИМАМЕ ЦВРСТИ ОДНОСИ СО САД КОИ НЕ ПРЕПОЗНАВААТ КАКО КЛУЧЕН ПАРТНЕР Министерот Муцунски за впечатоците

23/09/2026

Во периодот од формирањето на новата администрација на претседателот Трамп, ние имаме засилени односи и постојана комуникација на сите нивоа

ОСТАНУВААТ ПРАВИЛАТА ЗА ПОЛИТИЧКО РЕКЛАМИРАЊЕ ФИНАНСИРАНО ОД ДРЖАВАТА Уставниот суд со 5:3 гласа ја отфрли

23/09/2026

Уставниот суд денеска не поведе постапка по иницијативата на Левица со која беа оспорени одредби од Изборниот законик поврзани со

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy