Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЛЕВИЦА ПРИФАЌА ДА СЕ УКИНЕ ПРЖИНСКАТА ВЛАДА За возврат бара да се воведе една изборна единица
Македонија

ЛЕВИЦА ПРИФАЌА ДА СЕ УКИНЕ ПРЖИНСКАТА ВЛАДА За возврат бара да се воведе една изборна единица

09/01/2026

AA

Левица е за укинување на т.н. Пржинска влада и непотребните дополнителни заменици-министри со право на вето, зашто смета дека таа нема смисла и дека се претворила во алатка за меѓупартиско пазарење.

„Техничката влада функционира како фасада и привид на фер, демократски избори и плурализам, зад кој продолжуваат суштинската политичка нееднаквост, селективноста и цензурата. Затоа, укинувањето на техничката влада за нас е прифатливо само доколку оди рака под рака со вистински, а не декларативни демократски реформи. За почеток, воведување на една изборна единица, како единствен начин за секој глас да вреди подеднакво“, се наведува во соопштението од Левица.

Втор услов што го поставува оваа партија е „укинување на политичката цензура и обезбедување еднаков пристап до медиумско претставување за политичките субјекти“.

Партијата потсетува дека на последните избори, Левица беше единствената на која, поради „правна празнина“, ѝ беше оневозможено било какво политичко рекламирање.

„Прецизираме дека не сметаме дека институциите се созреани, ниту пак дека постојната пракса на ‘технички влади’ донесе фер, демократски и избори без институционални злоупотреби. Напротив, техничката влада се покажа како механизам за дополнителни злоупотреби и параван зад кој се задоволуваат апетитите на владејачките и коалициските структури на естаблишмент партиите“, се наведува во соопштението на Левица.

Оттаму порачуваат дека нема да учествуваат во шминкање на системот без да се испорачаат нужни реформи.

Левица потсетува дека „една изборна единица“ е и ветување на ВМРО-ДПМНЕ за овој мандат.

 

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Водата во Гостивар остана техничка, скептицизмот кај граѓаните останува

27/07/2026
Македонија

Во Струга сте? Угостителите ќе имаат продолжено работно време

27/07/2026
Македонија

Вандализирани просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

27/07/2026
Македонија

Водата во Крушево е чиста на второто тестирање, но забраната

27/07/2026
Македонија

Осумдневен притвор за Словенец кој физички ја нападнал девојката во

27/07/2026
Македонија

Истрага против четири лица во Скопје за дрога – запленети

27/07/2026
Македонија

Собранието го усвои Дополнителниот ребаланс на Буџетот за 2026: Повеќе

27/07/2026
Македонија

Цените на нафтата значително паднаа

27/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44701
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Водата во Гостивар остана техничка, скептицизмот кај граѓаните останува

27/07/2026

По десетдневна принудна пауза, водата во Гостивар од денеска може да се користи за лична хигиена и чистење во домовите,

Во Струга сте? Угостителите ќе имаат продолжено работно време

27/07/2026

Угостителските објекти во Струга ќе работат еден час подолго во летниот период, додека за претстојниот празничен викенд работното време ќе

Вандализирани просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

27/07/2026

Просториите на културно-уметничкото друштво „Српски вез“ во Куманово биле мета на вандалски чин, при што објектот е оштетен, а на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy