Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Левица: Нов долг од 190 милиони евра со европско знаменце – Македонија во должничко ропство
Македонија

Левица: Нов долг од 190 милиони евра со европско знаменце – Македонија во должничко ропство

13/11/2023

AA

Од Левица обвинуваат дека Македонија е во должничко ропство.

„Очигледно за анти-македонската и недемократската гарнитура на власт ништо не значат критиките на ЕУ за злоупотребата на европското знаме. Во собраниска процедура по скратена постапка, со шверц со европско знаме, влегоа два Предлог-закони за задолжување на Македонија. Едниот заем кај Кредитна банка за обнова (КФВ) во износ од 90 милиони евра, за резерви или директна поддршка на Буџетот. Вториот од Европската Унија во износ од 100 милиони евра за макро-финансиска поддршка. Заемите од овие закони треба да се отплатат за 15 години.

Република Македонија ќе ѝ плати на Кредитната банка за обнова еднократна провизија во висина од 0,5% од износот на заемот, односно 450.000 евра, а висината на каматната стапка ќе се утврдува за траншата од заемот при нејзиното повлекување. Финансиските услови за задолжувањето кај ЕУ (меѓу кои се износот на траншата, датумот на исплата, каматната стапка, датумот на достасување, банкарските провизии и останатите трошоци) ќе бидат утврдени со повлекувањето на средствата.

Власта на СДС и ДУИ нè задолжува без претходно да бидат познати сите услови за задолжување, особено што не е утврдена каматната стапка. Македонија сè уште плаќа најскапа струја во регионот, a клучен енергетски капацитет како Чебрен се дава под концесија на странски инвеститор.

Вкупниот јавен долг има тенденција и понатаму да расте. 75 отсто од јавниот долг се користи за финансирање на буџетскиот дефицит поради проектирани повисоки расходи од приходи. Во Македонија стана пракса да се земаат кредити за да се покријат стари долгови и тоа оди постојано во циклуси.

Додека банките за девет месеци остварија речиси 200 милиони евра профит, СДС и ДУИ го задолжуваат народот во следните 15 години со заеми во износ од 190 милиони евра, на кои ќе платиме милионски суми за провизии и камати. Хибридниот режим наместо да го регулира дивеењето на крупниот капитал и да ја зајакне редистрибутивната политика, тие удираат по грбот на идните генерации кои ќе го враќаат долгот и дозволија банките да бидат побогати од државата“, велат од таму

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy