Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОЈ ГО УБИ НАВИВАЧОТ НА АЕК ВО АВГУСТ? Грчката полиција со нови детали
Регион

КОЈ ГО УБИ НАВИВАЧОТ НА АЕК ВО АВГУСТ? Грчката полиција со нови детали

13/11/2023

AA

На еден од ножевите што полицијата ги пронашла на местото каде што на средината на август беше убиен навивачот на АЕК Михалис Кацурис, била откриена ДНК на 35-годишен грчки навивач, пренесуваат медиумите во Грција, повикувајќи се на извори од полицијата, јави дописничката на МИА од Атина.

Според државната новинска агенција АНА-МПА, по направената анализа на генетскиот материјал бил идентификуван 35-годишен грчки државјанин, кој во петокот пред судија дал исказ за случајот и рекол дека за време на инцидентите со хрватските навивачи носел нож, но го загубил.

Уапсениот веќе е во затвор, бидејќи било утврдено дека е веќе осуден на една година затвор и парична казна за вмешаност во друг случај, односно за инцидентите меѓу навивачи за време на финалето од купот на Грција во Волос, во 2017 година.

– Како што нагласуваат истите извори, 35-годишниот во наредните денови повторно ќе биде истражен од надлежните, за да се утврди дали бил вмешан во смртоносната повреда на 29-годишниот навивач на АЕК, пишува АНА-МПА.

Весникот „Катимерини“ коментира дека последните случувања одново го враќаат во прв план сценариото дека навивачот на АЕК бил повреден до смрт, ненамерно при судир со уапсениот 35-годишен.

Михалис Кацурис на 7 август, за време на сериозните инциденти во Атина меѓу навивачите на АЕК и Динамо Загреб беше прободен со нож во пределот на раката и им подлегна на повредите.

За инцидентите, беа уапсени над 100 лица, мнозинството од нив хрватски државјани на кои им беше одредена мерка притвор и се наоѓаат во грчките затвори. ср/зс/

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Грешката корегирана, во Битола се појави точното македонско знаме

11/08/2026
Македонија

Удрен срнак на патот кон Кичево: Хумани граѓани го спасија

11/08/2026
Македонија

Тетовчанец лажно си ги пријавил бабата и дедото, наводно му

11/08/2026
Македонија

30-годишна жена со дрвен предмет го истепала сопствениот татко во

11/08/2026
Македонија

15 пожари низ Македонија, моментално два активни

11/08/2026
Македонија

Во пресрет на Светскиот ден на органодарителство: Едно семејство со

11/08/2026
Македонија

Сиљановска на дебата со младите: Тешката битка со меѓуврсничкото насилство се

11/08/2026
Македонија

Драматичен пад на нивото на Дунав ја загрозува романската нуклеарка:

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44966
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Грешката корегирана, во Битола се појави точното македонско знаме

11/08/2026

По забелешките за употребата на несоодветен симбол на концертот „Силно светнал ден“ во Охрид, во Битола грешката е коригирана. На

Удрен срнак на патот кон Кичево: Хумани граѓани го спасија и го пренесоа на ветеринар

11/08/2026

Срнак бил удрен од возило на патниот правец кон Кичево, по што хумани граѓани веднаш интервенирале за да му помогнат.

Тетовчанец лажно си ги пријавил бабата и дедото, наводно му украле 3.500.000 денари

11/08/2026

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Т.М.(28) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy