Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Замената на постројките на јаглен во мали модуларни нуклеарни реактори: Работилница за побрза транзиција кон чиста енергија
Економија

Замената на постројките на јаглен во мали модуларни нуклеарни реактори: Работилница за побрза транзиција кон чиста енергија

13/11/2023

AA

Eнергетскиot систем на Македонија во контекст на идниот развој на производниот систем ги следи целите на Енергетската заедница. Тоа значи да се постигне декарбонизација на електроенергетскиот систем и да се зачува животната средина за да се има одржлив  енергетски систем. 

Една од опциите за иден енергетски развој е нуклеарната опција и SMR e соодветна технологија за мал електроенергетски систем, посочи Душица Сеизовска Јовановиќ, директорка на сектор за правни и општи работи во АД ЕСМ.

Сеизовска Јовановиќ беше дел од инаугуративната работилницаи лансирање на проектот на Стејт департментот на САД, Проектот Феникс (Project Phoenix), каде САД заедно со Министерството за економија на Република Словачка беа домаќини во Братислава, Словачка. 

Сеизовска Јовановиќ потенцираше дека „оваа опција е голем предизвик за македонската економија и енергетскиот сектор од различни аспекти како, човечки ресурси во нуклеарната технологија, избор на локација, финансирање на проектот, циклус на нуклеарно гориво, третман на нуклеарен отпад и многу други прашања. Економијата на секој голем енергетски проект зависи од националните или дури и локалните услови, вклучувајќи ги капиталните трошоци, работната сила и материјалите, регулаторната средина и достапноста и трошоците за алтернативни технологии за производство“.

Проектот Феникс има за цел
да ја забрза транзицијата кон чиста енергија преку замената на постројките на
јаглен во безбедни мали модуларни нуклеарни реактори (SMR) со користење на
постојната инфраструктура и преквалификација и задржување на локалните работни
места.

Проектот Феникс е
имплементиран од Основната инфраструктура на Стејт департментот на САД за
одговорно користење на технологијата на мали модуларни реактори – или FIRST –
програма.

На работилницата
присуствуваа високи владини претставници, ескперти од нуклеарната индустрија,
академската заедница, невладините организации, младинските активисти за
климатските промени и останати засегнати страни од цела Централна и Источна
Европа и Евроазија. Настанот даде единствена можност за вмрежување, размена на
искуства и подлабоко навлегување во тоа како SMRs може да го забрзаа
намалувањето на јаглеродот.

Од 1994 година, Северна
Македонија стана членка на организацијата МААЕ и има активно учество во
активностите за нуклеарни прашања. Главните активности се во енергетското
планирање во идниот енергетски микс на снабдување за земјата вклучувајќи ја и
нуклеарната опција. Во настаните, обуките и работилниците за теми од енергијата
и SMR технологијата се вклучени и луѓе од академијата и другите компании.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

БОБИ ХРИСТОВ ПРОГЛАСЕН ЗА ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК ВО ТЕЛМА Телевизијата најавува

29/09/2026
Македонија

УТРАТА СЕ СПУШТААТ КОН НУЛА, A ПРЕКУ ДЕН ДО 27

29/09/2026
Македонија

📽️ „ХОТЕЛСКА КОАЛИЦИЈА“ НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА ПЕТРОВ Некултурно е

29/09/2026
Македонија

ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЕУ Е ИНВЕСТИЦИЈА ВО СОПСТВЕНАТА БЕЗБЕДНОСТ Муцунски со

29/09/2026
Македонија

СВЕЧЕНО ЗАКОПУВАЊЕ НА „ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ“ НА ЕВРОПСКИТЕ ПРИНЦИПИ НА ЈУГОТ

29/09/2026
Македонија

167 ПРЕКРШОЦИ ЗА САМО ПЕТ ЧАСА Засилени контроли возачите на

29/09/2026
Македонија

ПО ХАВАРИЈАТА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“, ВРАБОТЕНИТЕ ЌЕ РАБОТАТ ОД ДОМА

29/09/2026
Македонија

📽️ 📷 СНАЈПЕР, ПУШКИ И ЗНАМЕ НА ИСИС НАЈДЕНИ КАЈ

29/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45877
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

БОБИ ХРИСТОВ ПРОГЛАСЕН ЗА ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК ВО ТЕЛМА Телевизијата најавува нова систематизација, ССНМ застана зад

29/09/2026

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изрази загриженост поради најавите од ТВ Телма за отпуштање новинари и медиумски

УТРАТА СЕ СПУШТААТ КОН НУЛА, A ПРЕКУ ДЕН ДО 27 СТЕПЕНИ Есента покажува различни лица

29/09/2026

Под влијание на поле со висок воздушен притисок, Македонија ја очекува период на релативно стабилно време, но утрата ќе стануваат

📽️ „ХОТЕЛСКА КОАЛИЦИЈА“ НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА ПЕТРОВ Некултурно е ставовите да ги соопштувате од

29/09/2026

Проф. д-р Андреј Петров, гостувајќи во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, зборуваше за критиките кон иницијативата во која учествува, како

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy