Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Лестер и Евертон ремизираа во „дербито на дното“ – битката за опстанок остана пеколна (ВИДЕО)
Спорт

Лестер и Евертон ремизираа во „дербито на дното“ – битката за опстанок остана пеколна (ВИДЕО)

01/05/2023

AA

Лестер и Евертон освоија по еден бод и ремизираа 2-2 во „дербито на дното“, за битката за опстанок во англиската Премиерлига да остане пеколна и во завршните четири кола, зашто еден бод разлика се дури четири клуба за избегнување на две позиции кои директно водат во Чемпионшип.

Лестер прокоцка шанса барем на момент да се одлепи од групата која води беспоштетна борба за задржување на премиерлигашкиот статус, откако Џејмс Мадисон во четвртата минута од судиското надополнување промаши пенал за 3-1. И наместо убедлива предност на паузата, Евертон остана со шанса да дофати бод, а тоа го искористи Алекс Ивоби за да ги остави „карамелите“ непоразени во директниот судир со еден од ривалите за опстанок.

Иако Евертон прв поведе по 15 минути со гол на Доминик Калверт-Луин од пенал, „лисиците“ брзо направија пресврт, па Чаглас Сојунчу израмни во 22-та, Џејми Варди донесе водство во 33-та минута и потоа Мадисон веројатно го имаше мечот во рака, но утна пенал.

Ивоби израмни во 54-та, а потоа повеќе од половина час и двата тима имаа свои можности за три бода, но не ги искористија.

Така Лестер дојде до 30 бода на 16-то место, колку што има и Лидс и Нотингем Форест, кој е прв во опасната зона, а Евертон сега е на 29 бода како претпоследен.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Андоновски: Националниот дата-центар ќе биде со капацитет под 1 MW,

07/08/2026
Македонија

Изгоре противпожарно возило во Струга, повредени двајца пожарникари

07/08/2026
Македонија

Портокалова фаза низ целата држава: Утре не чека пекол со

07/08/2026
Македонија

Македонското знаме се вее на 5.054 метри надморска височина: Дарко

07/08/2026
Македонија

Седум нови случаи на Западен Нил во Скопје: Хоспитализирани 16

07/08/2026
Македонија

Инфлацијата во јули изнесува 0,1 процент, на годишно ниво трошоците

07/08/2026
Македонија

Седум нови случаи на западнонилска треска, тројца пациенти во критична

07/08/2026
Македонија

Жена спасена од Вардар благодарение на брзата реакција на двајца

07/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44909
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Андоновски: Националниот дата-центар ќе биде со капацитет под 1 MW, граѓаните ги добиваат првите е-услуги

07/08/2026

Идниот национален дата-центар нема да биде гигантски комерцијален објект, туку компактен и ефикасен систем со инсталирана моќност под еден мегават,

Изгоре противпожарно возило во Струга, повредени двајца пожарникари

07/08/2026

При гаснење на пожар во струшкото село Долна Белица, огнот зафатил и сериозно оштетил противпожарно возило на Територијалната противпожарна единица

Портокалова фаза низ целата држава: Утре не чека пекол со температури до 40°C

07/08/2026

Територијата на целата држава утре (8 август 2026 година) ќе биде зафатена од висок температурен бран. Времето ќе биде сончево

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy