Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ленче Ристоска бара извинување од Мицкоски за „медиокритетите“, Владата прашува – зошто се препозна?
Македонија

Ленче Ристоска бара извинување од Мицкоски за „медиокритетите“, Владата прашува – зошто се препозна?

09/01/2026

AA

Острите зборови на премиерот Христијан Мицкоски за состојбите во правосудството предизвикаа директна реакција од обвинителката Ленче Ристоска. Таа официјално побара јавно извинување од претседателот на Владата, сметајќи дека неговите квалификации за „медиокритети“ во фелата биле упатени лично кон неа.

Ристоска не застана само на јавна реакција, туку за случајот го известила и Советот на јавните обвинители, поднесувајќи претставка која ова тело ќе треба да ја разгледа и да утврди дали има основа за нејзините наводи.

Поводот за конфликтот е неодамнешното интервју на премиерот, во кое тој упати остри критики кон дел од судско-обвинителската фела, користејќи го терминот „медиокритети“. Иако не посочи конкретни имиња, поранешната обвинителка на СЈО се препозна во описот и оцени дека станува збор за директна навреда врз нејзиниот професионален интегритет.

Од „Илинденска“ бр. 2 експресно одговорија на барањето за извинување, но со доза на иронија. Од Владата потенцираат дека премиерот во ниту еден момент не го спомнал името на Ленче Ристоска.

Тензијата помеѓу Ристоска и актуелната власт не е нова.

Ристоска беше едно од заштитните лица на поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО) и директно ги застапуваше предметите против тогашните функционери на ВМРО-ДПМНЕ, вклучително и случајот „Талир“ (за незаконско финансирање на партијата).

Судирот се продлабочи неодамна, откако Владата ја поништи листата со кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Ристоска котираше високо на оваа листа, а поништувањето беше протолкувано како политичка пресметка.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

БУНТ ПРОТИВ ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА КУМАНОВСКИОТ СУД Вработените се жалат на

22/09/2026
Македонија

УНГАРЕЦ СЕ ОБИДЕЛ НЕЛЕГАЛНО ДА ВНЕСЕ 200.000 ЕВРА ВО МАКЕДОНИЈА

22/09/2026
Македонија

ГРУБИ ЗАКАНИ ЗА ПОДДРЖУВАЧИТЕ НА РУДАРСТВОТО Најавен протест или линч

22/09/2026
Македонија

📷 НАД 100.000 ЕВРА И ЛЕКОВИ ЗАПЛЕНЕТИ ВО ГОЛЕМА АКЦИЈА

22/09/2026
Македонија

📽️ ОТИШЛА НА НОЌНО КАПЕЊЕ ВО МАРМАРАС, ИМАЛА ЧУДНА СРЕДБА Мислела

22/09/2026
Македонија

ПРОНАЈДЕНА МРТВА ПО ГАСЕЊЕ НА ПОЖАРОТ Женско тело најдено во

22/09/2026
Македонија

МИСТЕРИЈА СО ТЕШКО ПОВРЕДЕН ПАЦИЕНТ Болницата пријавила пад од кревет,

22/09/2026
Македонија

ДОБРЕ ДОЈДЕ ЕСЕН Златната сезона почнува ноќеска во 2:05 часот

22/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45731
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

БУНТ ПРОТИВ ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА КУМАНОВСКИОТ СУД Вработените се жалат на мобинг, Синдикатот се заканува со

22/09/2026

Вработени во Основниот суд во Куманово поднесоа претставка до Судскиот совет со која бараат разрешување на претседателката на судот Снежана

УНГАРЕЦ СЕ ОБИДЕЛ НЕЛЕГАЛНО ДА ВНЕСЕ 200.000 ЕВРА ВО МАКЕДОНИЈА Најдени му се при претрес

22/09/2026

На граничниот премин Табановце кaj унгарски државјанин откриени се 200 илјади евра, кои тој се обидел нелегално да ги внесе

ГРУБИ ЗАКАНИ ЗА ПОДДРЖУВАЧИТЕ НА РУДАРСТВОТО Најавен протест или линч во Струмица?

22/09/2026

За четврток (24.09.2026) во 12 часот во Салата за состаноци на Советот на Општина Струмица е најавена јавна расправа за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy