Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Лекарската комора со осуда за вербалните напади кон лекарите: Секојдневно се истакнуваат имиња на доктори кои биле вклучени во лекување на пациенти, наведувајќи дека сториле лекарска грешка…
Македонија

Лекарската комора со осуда за вербалните напади кон лекарите: Секојдневно се истакнуваат имиња на доктори кои биле вклучени во лекување на пациенти, наведувајќи дека сториле лекарска грешка…

13/04/2023

AA

Лекарската комора најостро ги осудува јавните вербални напади и навреди врз лекарите и лекарската професија, како и неосновани обвинувања за сторена лекарска грешка, истакнувајќи дека атмосферата што се креира во јавноста, покажува дека е потребно итно носење на посебен закон за заштита на докторска дејност, со што ќе бидат регулирани правата и обврските на докторите, се нагласува во денешното соопштение.

– Докторите од болницата во Битола, кои беа вклучени во лекувањето на петгодишно девојче, се изложени на огромен притисок, иако инспекцискиот и стручниот надзор досега не утврдија пропусти во стручната работа. Докторите од „Жан Митрев“ беa изложени на навреди и вербални напади пред Кривичниот суд, што секако не е атмосфера во која се почитува правото на пресумпција на невиност, како осново човеково право. Секојдневно во медиумите се истакнуваат имиња на доктори кои биле вклучени во лекување на пациенти, наведувајќи на тоа дека сториле некаква лекарска грешка, без притоа да постои одлука на надлежна институција, подвлекуваат од Лекарската комора.


Комората ги осудува сите овие настани кои „предизвикуваат сериозно вознемирување, згрозување и нарушување на достоинството, угледот и интегритетот на професијата, што е крајно недозволиво во услови кога најрелевантните меѓународни организации истакнуваат дека здравствените работници се најважниот чинител на здравствениот систем, поради што треба да бидат заштитени и предупредуваат на глобален недостиг на овие профили на пазарот на трудот“.

– Атмосферата која постои кај нас создава јавно мислење дека сите лекари во земјава работат нестручно и несовесно, што целосно не е точно, бидејќи најголем дел од нив, својот професионален и приватен живот го посветиле на својата професија и одговорно, стручно и посветено секојдневно пружат здравствена заштита и се грижат за здравјето на голем број пациенти во условите кои постојат во здравствениот систем. Загубата за живот на пациент е тежок удар за секој лекар, што никогаш не може целосно да се надмине, се истакнува во соопштението.


Важно за креирање на јавното мислење и вистинско насочување на расплетот на случаите кои се од интерес на јавноста, како што посочуваат од Лекарската комора, е и тоа поединците кои не се компетентни или немаат релевантни информации, да се воздржат од давање на јавни коментари, бидејќи „така само се засилуваат нападите и говорот на омраза без притоа да се постигне ефект на конкретно утврдување на одговорност и превенција на нови случаи“.

Лекарската комора, исто така, ги охрабрува институциите соодветно и ажурно да постапуваат во сите случаи кога ќе се утврди пропуст во лекувањето, но, „соодветна санкција да има и во случаите кога докторите неосновано се напаѓаат“.


– Истакнуваме и дека пациентите и лекарите се дел од еден ист систем, во кој може да се обезбеди рамнотежа единствено ако институциите во државата подеднакво застанат во одбрана на правата и на едните и на другите. Во овој момент законски се регулирани само правата на пациентите, додека законот за лекарска дејност во кој покрај обврските, би се уредиле и правата на лекарите и покрај долгогодишни бројни иницијативи сѐ уште не е донесен. Апелираме овој закон со кој лекарската дејност се смета за дејност од посебен општествен интерес, да биде итно донесен, пишува во соопштението.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЗА НАБАВКА НА ТЕРМИНАЛИТЕ БИЛЕ ПЛАТЕНИ 9,69 МИЛИОНИ ЕВРА На

11/11/2026
Македонија

ВНИМАНИЕ, ПАК СЕ ШИРАТ ЛАЖНИ КАЗНИ ОД „БЕЗБЕДЕН ГРАД“ Полицијата

11/11/2026
Македонија

СЕ ОБИДУВАЛА ДА ЗАПАЛИ ОГАН СО БЕНЗИН, ПА СЕ ЗАПАЛИЛА

11/11/2026
Македонија

ИЗБЕГНАЛЕ ДАНОК ОД НАД 377.000 ЕВРА Подигале пари од фирма,

11/11/2026
Македонија

📷 СИЉАНОВСКА НА ВЕЧЕРА ВО ЕЛИСЕЈСКАТА ПАЛАТА Макрон и Брижит

11/11/2026
Македонија

ВЕШТАЧЕЊЕТО НАРАЧАНО ОД ОДБРАНАТА НА ГАЗДА ДЕКО Е „ИНЖЕНЕРСКА АЛХЕМИЈА“,

11/11/2026
Македонија

НАРОДНАТА БАНКА ПОДНЕЛА КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ПРОТИВ ФИЛИПЧЕ И ПРОТИВ ЖЕРНОВСКИ

11/11/2026
Македонија

УБЕДЛИВО ВОДСТВО НА ВМРО-ДПМНЕ ВО ОКТОМВРИСКИТЕ АНКЕТИ Власта има доверба

11/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46725
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЗА НАБАВКА НА ТЕРМИНАЛИТЕ БИЛЕ ПЛАТЕНИ 9,69 МИЛИОНИ ЕВРА На рочиште за „Лотарија на Македонија“

11/11/2026

Со испитување на вештото лице д-р Анита Поповска, по професија економист, денеска, во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето за

ВНИМАНИЕ, ПАК СЕ ШИРАТ ЛАЖНИ КАЗНИ ОД „БЕЗБЕДЕН ГРАД“ Полицијата открива како да ги препознаете

11/11/2026

Граѓаните повторно добиваат лажни пораки за сообраќајни казни од системот „Безбеден град“, преку кои измамници се обидуваат да дојдат до

СЕ ОБИДУВАЛА ДА ЗАПАЛИ ОГАН СО БЕНЗИН, ПА СЕ ЗАПАЛИЛА САМАТА Тешко повредена жена во

11/11/2026

Триесет и двегодишна скопјанка се здобила со тешки изгореници додека се обидувала да запали оган со бензин во скопското село

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy