Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Лекарите без граници изгубија контакт со персоналот во Газа
Македонија

Лекарите без граници изгубија контакт со персоналот во Газа

11/11/2023

AA

Организацијата Лекари без граници денеска објави, по извештаите за силно гранатирање во близина на медицинскиот комплекс Ал-Шифа во Појасот Газа, дека изгубила контакт со персоналот ангажиран во таа здравствена установа.

„Во текот на последните неколку часа драматично се интензивираа нападите врз болницата Ал-Шифа. Персоналот на Лекари без граници во таа болница пријавил катастрофална состојба во болничкиот комплекс“, соопшти хуманитарната организација на платформата Х во 03:43 часот утринава по локално време.

Во соопштението се изразува екстремна загриженост за безбедноста на персоналот и пациентите во болницата Ал-Шифа, од кои некои се во критична состојба и не можат да се движат или да се евакуираат, пренесува Си-Ен-Ен.

„Има пациенти на кои им е потребна операција. Има пациенти кои лежат и се лекуваат во нашето одделение. Не можеме да ги евакуираме и да ги оставиме овие луѓе внатре. Како лекар, се колнам дека ќе им помогнам на луѓето на кои им е потребна помош“, рече д-р Мохамед Обеид, хирург во болницата Ал-Шифа.

Комуникациите внатре во Газа беа наизменично нарушени откако израелската воена кампања започна минатиот месец по нападот на Хамас, Израелците тврдат дека болницата Ал Шифа била користена како штит за воената инфраструктура на Хамас, што палестинската милитантна организација го негира.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

КОЦЕВСКА СЕ СОМНЕВА ДЕКА ОДЛУКАТА ЗА ПРИТВОР НА ДЕКО Е

02/10/2026
Македонија

ПЛАТФОРМАТА 12.05 ДОСТАВИ ПРЕДЛОЗИ ЗА СТРУКТУРНИ ПРОМЕНИ ВО СДСМ Даваат

02/10/2026
Македонија

БРИСЕЛ СЕ ФОКУСИРА НА ДЕБЛОКИРАЊЕ НА ПРИСТАПНИОТ ПРОЦЕС НА МАКЕДОНИЈА

02/10/2026
Македонија

ГАЗДА ДЕКО ОД КУМАНОВО ОДИ ВО ШУТКА Судот му одреди

02/10/2026
Македонија

ВИЕ Ѝ ПРИПАЃАТЕ НА ЕУ, ЌЕ ВЕ ПРЕЧЕКАМЕ СО ВАШИОТ

02/10/2026
Македонија

БАЈРАМИ ИНИЦИРАЛ НОВИ ПРОЕКТИ ВО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА „Ново ВЛТ“, „Мегавин.мк“

02/10/2026
Македонија

НАПАДНАЛА 81-ГОДИШНИК ВО ДОМОТ И МУ ЗЕЛА ПАРИ Полицијата приведе

02/10/2026
Македонија

КРЕНАЛ БЕТОНСКИ ЅИДОВИ ПОКРАЈ ДЕБАРСКО ЕЗЕРО!? Кривична пријава за узурпација

02/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45943
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy