Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Леќата и гравот „ги снема“ од рафтовите
Економија

Леќата и гравот „ги снема“ од рафтовите

06/04/2023

AA

На денешната прес-конференција министерот за економија Крешник Бектеши беше прашан зошто се повлекува гравот и леќата од рафтовите во малопродажба, на што тој одговори рече дека она што е влезено како производ во земјава, мора да излезе во продажба. 

–  Таква пракса имаме. Има голема разлика од увозните цени до 28 март и од 28 март до денес затоа да се мислат добро и увозниците и надлежните институции, рече Бектеши.

Почнувајќи од 5 април свежите домати неможе да се продаваат повеќе од 70 денари, краставиците нема да може да се продаваат повеќе од 75 денари. Највисоката цена на кромидот ќе изнесува 60 денари, за карфиолот 70 денари, пиперките 90 денари, највисока цена на гравот е утврдена 75 денари, за леќата 110 денари, бананите 70 денари, портокалите 55 денари, мандарините 60 денари и лимонот  55 денари.

– Одлуката почна да се применува вчера за што како Министерство за економија мислиме дека има многу аномалии. Им се заблагодарувам на ланецот супермаркети и на повеќето од пиларите и ги повикам увозниците на овошје и зеленчук да дојдат на средба заради тоа што во нашата држава ќе се почитуваат до крај законите почнувајќи од Царинската управа, Управата за јавни приходи, фактурите кои ги имаат дадено на царините кај соседите и дуплите фактури кои ги имаат дадено во нашата царина. Откако ќе заврши координативниот состанок и ќе ги имаме сите информации, јас ќе ги доставам пред надлежните институциии, рече Бектеши, најавувајќи координативен состанок денеска со инстѕитуциите.

По замрзнувањето на цените на зеленчукот се трошат последните залихи на тезгите на зелените пазари, но и по супер маркетите.  

-Магацините си ја држат цената, а тука на нас ни е намалена и ние не можеме да ја работиме, продаваме таа роба. Нема домат, нема краставици, нема и грав. На гравот му бараат 130 денари, а ние овде на тезгата мора да го продаваме по 75 денари, затоа и не го земаме. Утре на пазар ќе нема грав и останати работи, вели Ванчо Ѓеорѓиев трговец на Градскиот пазар во Штип во изјава за МИА.

Раководителот на Градски пазар-Штип, Димче Колев за МИА потврдува дека трговците кои имаат закупено тезги на пазарот во Штип ги трошат последните залихи од зеленчукот, кој е веќе со замрзната цена. Забележува дека математиката меѓу нив и увозниците не се совпаѓа и затоа не набавуваат нови колични на зеленчук за продажба. Посочува дека трговците ова и го очекувале да останат без зеленчук  на тезгите по замрзнувањето на цените. 

Дел од продавачите на зелениот пазар во Скопје одлучија воопшто да не ги отвораат тезгите, а некои, иако се присутни на пазарот, одбиваат да ги продаваат своите производи по замрзнатата цена. Велат дека ги купиле по двојно повисока цена и немаат намера да ја спроведат одлуката на Владата.

„Домати знаете дека откупната цена е 90 денари што доаѓа од увоз, што ќе прават овде, ова нема логика, цените ги диктира пазарот… Кој е тој лудак што ќе го купува за 90 денари. и го продава за 60 денари… Не може вака, секоја роба си има своја цена, од производство до овде на тезги“, рече продавач во изјава за Алсат денеска.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026
Македонија

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026
Македонија

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал

15/08/2026
Македонија

Скопјанка измамена за околу 200.000 денари со понуда за каско

15/08/2026
Македонија

Земал 200 евра за наводно лекување на ќерка му, па

15/08/2026
Македонија

Четворица приведени во Шуто Оризари: Насилно ѝ дале марихуана на

15/08/2026
Македонија

Во понеделник почесна стрелба за Денот на Армијата

15/08/2026
Македонија

Ренџерите на Пелистер и СВР Битола лоцираа и приведоа вооружени

15/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45036
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026

Потврдени се три нови случаи на западнонилска треска, со што вкупниот број се искачи на 34, соопштија од Центарот за

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026

Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала попладнево е регистриран во западниот дел на Македонија, во поширокиот регион

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал на медицинарите

15/08/2026

Педесет и петгодишен жител на селото Уларци, општина Чешиново-Облешево, е пријавен во полиција откако, според пријавеното, злоупотребил повик до Итната

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy