Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Лажат дека пиротехниката ја донел бендот – не штитете некој кој треба да е зад решетки!“, вели сопругата на Андреј од „ДНК“
Македонија

„Лажат дека пиротехниката ја донел бендот – не штитете некој кој треба да е зад решетки!“, вели сопругата на Андреј од „ДНК“

17/03/2025

AA

Наталија Ѓоргиеска, сопруга на загинатиот Андреј Ѓоргиески од бендот ДНК, се обрати до јавноста и порача да не се штитат тие кој треба да се зад решетки.

„Во овој момент, кој е најтежок за нас, медиумите и државните институции, ме предизвикувате за прв пат да се обратам до македонската јавност. Во текот на вчерашниот ден, по потрага на својот сопруг Андреја Ѓорѓиески, да го најдам во некоја од болниците, на домашна адреса не посетила криминалистичката служба која без објаснување го барала мојот сопруг, во присуство на нашето дете.

Истата служба ме побара телефонски во неколку наврати со НАЈНЕХУМАН однос да дадам информација каде е мојот сопруг со цел да даде изјава за настанот, за што истото прашање го упатив кон нив. Од медиумите, кои пренесуваат ЛАЖНИ информации, дознале дека сопругот е на домашно лекување, додека тој лежи во болницата во Кочани, мртов.

Ги замолувам сите јавни медиуми да не шират дезинформации на социјалните мрежи. Ги замолувам и јавните органи да си извршат детален увид за целиот трагичен настан. Во овој тежок момент за сите нас, ЈАВНО ги замолувам институциите и медиумите да ја почитуваат пред се, нашата приватност. Лажни објави дека мојот сопруг е на домашно лекување и дека пиротехниката е донесена од страна на бендот, ве молам, НЕ ШТИТЕТЕ НЕКОЈ КОЈ ТРЕБА ДА Е ПОЗАДИ РЕШЕТКИ! Како сопруга и мајка на малолетно дете, покажете малку сочувство, а така и за поблиското семејство и пријателите…“, напиша таа.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЦУК со пресек за состојбата со пожарите: Осум активни жаришта,

05/09/2026
Македонија

Повеќе од 20 пожари низ Македонија, пожарникарите на терен –

05/09/2026
Македонија

Растот на БДП продолжува: Мицкоски очекува економијата годинава да порасне

05/09/2026
Македонија

Двајца вработени во „Национални шуми“ пријавени: Службени возила користеле за

05/09/2026
Македонија

16 возачи приведени во едно деноноќие, повеќето возеле без дозвола

05/09/2026
Македонија

Мицкоски: Западнонилската треска годинава е натпросечен предизвик во Европа

05/09/2026
Македонија

По години чекање, се ослободува трасата кај мостот „Генерал Михајло

05/09/2026
Македонија

Турски државјанин приведен во Охрид поради сомнение за посредување во

05/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45481
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЦУК со пресек за состојбата со пожарите: Осум активни жаришта, пет се ставени под контрола

05/09/2026

Според последниот пресек на Центарот за управување со кризи (ЦУК) направен попладнево до 18:00 часот, противпожарните екипи ширум земјава се

Повеќе од 20 пожари низ Македонија, пожарникарите на терен – Ангелов: Силите се преморени

05/09/2026

Нова серија пожари денеска ја стави на сериозен тест противпожарната служба во земјава. На отворен простор се регистрирани повеќе од

Растот на БДП продолжува: Мицкоски очекува економијата годинава да порасне до 4%

05/09/2026

Македонската економија продолжува со позитивен тренд, а премиерот Христијан Мицкоски очекува годината да заврши со реален раст на БДП меѓу

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy