Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кузмановски: Растеме како тим, допрва ќе го гледаме квалитетот на оваа Македонија!
Спорт

Кузмановски: Растеме како тим, допрва ќе го гледаме квалитетот на оваа Македонија!

11/05/2025

AA

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Филип Кузмановски е среќен поради пласманот на Европското првенство и најави уште подобри денови на Македонија.

Македонската ракометна репрезентација одигра два блескави меча против Естонија и Литванија и го завери пласманот на Европското првенство. Еден од столбовите на оваа наша селекција е Филип Кузмановски.

„Горд сум на овие момци, пласманот на Европското првенство ни значи многу на сите нас. На Македонија ѝ е таму местото, денеска покажавме квалитет, покажавме дека оваа екипа има многу квалитети кои допрва ќе ги гледаме во иднина. Растеме како екипа, не издвојуваме поединци, сите сме заедно како тим и тоа се гледа на терен. Никој не потценивме во нашата група, навистина беше тешко, Литванија е добра репрезентација, но претходно кажавме дека сакаме два убедливи натпревари дека Македонија тоа го заслужува, одиме на Европско првенство, среќни сме“, вели Кузмановски.

„Што се однесува до натпреварот, почнавме малку тешко, чувствувавме умор бидејќи веќе е крај на сезоната, но кога игравме за Македонија имаме некоја енергија и тоа денеска го покажавме“.

Кузмановски вели дека се труди да биде пример за помладите ракометари.

„Се трудам да бидам добар, како капитен треба да бидам пример како на теренот така и надвор од него. Младите ракометари треба од некој да учат како што ние учевме од Лазаров, Миркуловски, Мојсовски, Стоилов… ние треба да бидеме пример за помладите“, додава нашиот капитен.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Судот го одложи судењето за „Лотарија“ по спроведувањето на Бајрами

09/09/2026
Македонија

ОЈО: Бајрами веќе е во притвор, против него се водат

09/09/2026
Македонија

Полициска акција во Штип: Одземени марихуана, дигитални ваги и оружје

09/09/2026
Македонија

Сончево и топло до петок, потоа следува значително заладување

09/09/2026
Македонија

Петмина приведени на концертот на Дејвид Гета во Скопје

09/09/2026
Македонија

На 25 октомври ги враќаме стрелките еден час назад –

09/09/2026
Македонија

Ер Србија ги зголемува летовите меѓу Белград и Скопје

09/09/2026
Македонија

Трајко Симоновски: Тоше беше Македонија што ја носевме со нас

08/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45581
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Судот го одложи судењето за „Лотарија“ по спроведувањето на Бајрами во притвор

09/09/2026

Судењето за предметот „Лотарија“ е одложено откако првообвинетиот Перпарим Бајрами, кој се бараше со меѓународна потерница, утрово е спроведен во

ОЈО: Бајрами веќе е во притвор, против него се водат уште четири постапки

09/09/2026

Против поранешниот директор на Државната лотарија, Перпарим Бајрами, веќе е активна мерката притвор, информира Основното јавно обвинителство Скопје, по неговото

Полициска акција во Штип: Одземени марихуана, дигитални ваги и оружје

09/09/2026

Полицијата во Штип приведе 37-годишен маж откако при претрес во неговиот дом биле пронајдени марихуана, опрема за нејзино мерење и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy