Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кузеска: Муцунски го оживува проектот Скопје 2014 – МНР со реакција: Проектот нема никаква поврзаност, единствена цел е санација!
Македонија

Кузеска: Муцунски го оживува проектот Скопје 2014 – МНР со реакција: Проектот нема никаква поврзаност, единствена цел е санација!

07/03/2025

AA

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска денеска на прес конференција истакна дека ја продолжуваат серијата скандали за корупција и матни тендери на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ја разоткриваме мрежата на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски кој го оживува проектот Скопје 2014 за повторно испумпување на пари од буџетот заедно со нови тендери од унгарскиот кредит. Според достапните информации, Министерството за надворешни работи потпишало договор за изградба на челична настрешница во вредност од речиси 550.000 евра. Со ова, Муцунски ја означи новата ера на кражби од проектот Скопје 2014 на ВМРО-ДПМНЕ кој светските медиуми го нарекоа „најголемиот коруптивен проект во Европа“. Но скандалот е уште поголем затоа што и овој случај е дел од тендерската мрежа на ДПМНЕ. Договорот за настрешницата е склучен со градежната компанија „Пирамид билдинг солушнс“, која била единствен понудувач на тендерот“, вели Кузеска.

Како што вели, оваа компанија има долга историја на односи со Муцунски.

„Фирмата добила дури 11 тендери во Аеродром вредни 2 милиони евра. Додека тој бил градоначалник на Општина Аеродром, истата компанија добила договор вреден 335.000 евра за хигиенски и комунални услуги. Идентично, тендерската мрежа на ДПМНЕ е поврзана и со парите од унгарскиот кредит кои треба граѓаните да ги враќаат. Од овие пари, омилената фирма на Муцунски добила 3 тендери вредни околу 1,8 милиони евра само во изминатите 3 месеци. Дури го добила и оној тендер за реконструкција на скверот позади ТЦ Капитол, вреден околу 700.000 евра каде на почеток на работите присуствувал и премиерот Христијан Мицкоски. Или вкупно, само преку бизнисот со општина Аеродром, речиси 4 милиони евра завршиле кај оваа компанија! Има и тендери со други општини, меѓу кои со Гази Баба каде во мандатот на ДПМНЕ добила 8 тендери. Основан е сомнежот дека ова е координирана шема на ВМРО-ДПМНЕ за тендерски мрежи и фаворизирање на блиски компании и испумпување на јавните пари во белата палата. Ваквото нетранспарентно трошење на државните пари, доделување на милионски договори на блиски фирми и сомнителни зделки мора да престанат“, вели Кузеска..

Таа побара итна истрага од надлежните институции за коруптивните зделки на министерот Тимчо Муцунски.

„Утврдување одговорност од сите вмешани во оваа шема. И одговор на клучното прашање:  Каде завршуваат парите од унгарскиот кредит? Граѓаните не смеат да бидат жртви на нови коруптивни афери на ДПМНЕ! Ќе продолжиме да се бориме за правда и отчетност, а секој што го злоупотребил народниот денар ќе одговара!“, велат од СДСМ.

На ова со реакција се јавија и од Министерството за надворешни работи.

„Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во целост ги демантира неточните информации изнесени на денешната прес-конференција на СДСМ во врска со изградбата на кровната конструкција над зградата на Министерството.

Проектот за изградба на кровна конструкција над рамната тераса беше првично планиран за реализација во 2022 година, со цел трајно решавање на долгогодишните проблеми со протекување, кои се јавуваат при секој пообилен дожд. Според стручни проценки, како резултат на несоодветното одржување во изминатите години, бетонските, хидроизолационите и термичките слоеви на подлогата се значително оштетени, што наложува целосна реконструкција и замена на рамната подлога.

Изработката на основниот проект започна кон крајот на 2022 година, а буџетските средства беа обезбедени во 2023 година. Сепак, поради претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ и обемните обврски на Министерството, вклучително и организацијата на Министерскиот совет во ноември 2023 година, изградбата беше одложена за 2024 година. Со оглед на парламентарните избори во 2024 година, проектот беше дополнително пролонгиран за втората половина од годината, со делумно финансирање од редовниот буџет за 2024 година, додека преостанатиот дел ќе се реализира во 2025 година. По завршувањето на градежните активности, во буџетот за 2026 година се предвидени средства за поставување фотоволтаични панели, во согласност со заложбите за енергетска ефикасност и одржлив развој.

Проектот нема никаква поврзаност со „Скопје 2014“ и неговата единствена цел е санација на објектот, со што ќе се превенираат идни поплави и оштетувања на зградата. Дополнително, јавната набавка е целосно спроведена во согласност со важечките закони и процедури.

Ги повикуваме надлежните институции да постапат доколку постои сомнеж за евентуално незаконско постапување. Воедно, ја повикуваме СДСМ јавно да се извини за дезинформациите изнесени во јавноста. Доколку тоа не се случи, ќе бидеме принудени да поведеме постапка за утврдување на клевета и нарушување на угледот на министерот за надворешни работи и институцијата со која тој раководи“, велат од МНР.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

📽️ МВР ДОБИ 33 НОВИ ПОЛИЦИСКИ МОТОЦИКЛИ И КОМПЛЕТНА ОПРЕМА

08/10/2026
Македонија

СО СКАНДАЛОТ ЗА ХЕЛИКОПТЕРИТЕ ОД 37 МИЛИОНИ ЕВРА ФИЛИПЧЕ ПОТВРДИ

08/10/2026
Македонија

ОД ВТОРНИК СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ Во недела обилни врнежи од

08/10/2026
Македонија

„ПРОДАВАВ ПИПЕРКИ, ПА ПАРИЧКИТЕ ГИ ПИКАВ ВО ДУПЧЕТО“ Мајката на

08/10/2026
Македонија

АВСТРИЕЦ СО ОРУЖЈЕ САКАЛ ДА ВЛЕЗЕ ВО МАКЕДОНИЈА Во камперот

08/10/2026
Македонија

СОНЧЕВ ЧЕТВРТОК СО ТЕМПЕРАТУРИ ДО 28 СТЕПЕНИ Од петок почнува

07/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА Е ЛИДЕР ВО РЕФОРМИТЕ ВО РЕГИОНОТ Тоа се гледа

07/10/2026
Македонија

БУГАРИЈА МОРА ДА ГИ ПОЧИТУВА ПРЕСУДИТЕ ЗА ОМО „ИЛИНДЕН“-ПИРИН Скопје

07/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46045
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

📽️ МВР ДОБИ 33 НОВИ ПОЛИЦИСКИ МОТОЦИКЛИ И КОМПЛЕТНА ОПРЕМА Ќе се користат за поголема

08/10/2026

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), Горан Ангеловски,

СО СКАНДАЛОТ ЗА ХЕЛИКОПТЕРИТЕ ОД 37 МИЛИОНИ ЕВРА ФИЛИПЧЕ ПОТВРДИ ДЕКА СДСМ ВЛАДЕЕШЕ КРИМИНАЛНО Сега

08/10/2026

Со скандалот на Славјанка Петровска вреден 37 милиони евра, Венко Филипче јасно потврди дека владеењето на СДСМ со државата било

ОД ВТОРНИК СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ Во недела обилни врнежи од дожд и засилен ветер

08/10/2026

Под влијание на циклонска активност, од утре до средината на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со врнежи од

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy