Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кумановските печалбари од Ирак и Авганистан на протест против ретроактивната наплата на УЈП
Македонија

Кумановските печалбари од Ирак и Авганистан на протест против ретроактивната наплата на УЈП

26/12/2025

AA

Околу 4.000 граѓани од Куманово кои работеле во американски бази во Ирак и Авганистан, денеска одржаа мирен протест на градскиот плоштад. Тие побараа од Управата за јавни приходи да ги ревидира известувањата за плаќање персонален данок на доход кои се однесуваат на периодот од 2020 година наваму.

Учесниците на протестот истакнаа дека не се против плаќањето даноци, но се соочуваат со неколку сериозни проблеми. Првенствено, тие посочуваат дека станува збор за двојно оданочување бидејќи даноците се веќе платени во матичните земји на компаниите. Дополнително, УЈП ги товари за период во кој многумина од нив биле надвор од државата повеќе од 183 дена, што законски ги ослободува од одредени давачки, но МВР одбива да им издаде официјални потврди за престојот во странство.

Печалбарите апелираат до Министерството за финансии и УЈП да ја стопираат акцијата и да овозможат разумен рок за прибирање и превод на документацијата од странските компании. Тие нагласија дека парите се легално спечалени и вложени во македонската економија преку недвижности и бизниси, за што веќе се платени сите тековни даноци и придонеси. Од протестот беше порачано дека ќе се бара дијалог со институциите и ќе се користат сите правни механизми за решавање на состојбата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Расте домашното производство на струја, намален увозот во мај

26/07/2026
Македонија

Симболот кој пркоси на времето: Невремето го „разниша“ часовникот на

26/07/2026
Македонија

Невработеноста продолжува да опаѓа, но расте неформалната работа

26/07/2026
Македонија

Планинскиот туризам има потенцијал, но останува во сенка за време

26/07/2026
Македонија

Потресни зборови на холандски пилот кој во 1963 летал над

26/07/2026
Македонија

Просечна плата од речиси 50.000 денари – доволна ли е

26/07/2026
Македонија

Три активни пожари во Македонија, вкупно регистрирани 12

25/07/2026
Македонија

СПАСУВАЧКА АКЦИЈА ВО ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО: Општината згрижи млади штркови по невремето,

25/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44662
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Расте домашното производство на струја, намален увозот во мај

26/07/2026

Македонија во мај годинава успеала речиси целосно да ги задоволи домашните потреби за електрична енергија од сопствено производство. Според најновите

Симболот кој пркоси на времето: Невремето го „разниша“ часовникот на Музејот на град Скопје токму

26/07/2026

Денеска, кога главниот град ја одбележува 63-годишнината од катастрофалниот земјотрес што се случи во 5:17 часот наутро, Скопје се потсетува

Невработеноста продолжува да опаѓа, но расте неформалната работа

26/07/2026

Пазарот на трудот во Македонија покажува умерено подобрување во првото тримесечје од годинава, со намалување на бројот на невработени лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy