Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кумановка ја чува од заборав традиционалната техника за украсување на велигденски јајца со пчелин восок
Македонија

Кумановка ја чува од заборав традиционалната техника за украсување на велигденски јајца со пчелин восок

14/04/2023

AA

Слаѓана Трајковска(52) од населбата Карпош, Куманово, е меѓу ретките домаќинки, која ја зачувала и се уште ја негува малку заборавената традиционална техника со која во минатото се шарале јајцата за Велигден, пишува Kumanovo News.

Таа ги украсува јајцата на уникатен начин, со користење на пчелен восок, баш онака како што тоа порано го правеле македонските жени, нашите баби и мајки.


Оваа традиционална техника, покрај шарањето со ливчиња од билки, порано бил единствениот начин на декорација на јајцата за големиот христијански празник. Прекрасните креации на Трајковска секоја година привлекуваат внимание токму по начинот на изработка и шарите што ги аплицира на лушпите на јајцата , затоа што се реткост во денешно време. Вештината ја научила од својата свекрва.

„Свекрва ми шараше со ќумурчиња, а јас си имам малечка инка во која го ставам чистиот пчелен восок и со тоа ги шарам јајцата. Восокот го загревам на свеќа и кога ќе стане течен лесно се нанесува на површината на јајцата“, вели Слаѓана.


Секое украсено јајце е уникатно, оригинално и не е слично со ниедно друго. Сликите од направените дизајни ги собира во папка, а во текот на годината на интернет бара нови нови слики и украси што не ги работела и цртала дотогаш и кои и се вистински предизвик за усовршување на техниката и создавање на нови уникатни велигденски јајца. И секоја година кога ќе започне со новиот предизвик, има мала несигурност дали се ќе излезе како што наумила, или ќе треба да се помачи.

„Најчесто првите се поневешто направените ги оставам за себе. Потоа, ќе ми се пушти раката и си оди работата. Зависи и од денот и моменталната инспирација и расположение, некогаш се толку убави што ми е жал да ги дадам“, на смеа раскажува Слаѓана чии велигденски јајца се многу барани од граѓаните кои сакаат да го украсат домот за Велигден со ова задолжително традиционално обележје.


Ова домаќинка со шарање започнува уште од Прочка за да може да постигне и да ги услужи сите заинтересирани. Како што објаснува, порано сите постеле, па така јајцата за Велигден се собирале уште од Прочка, односно од почетокот на Велигденскиот пост.

„Ако секој ден изработувам по една табла нашарани јајца, ќе потрошам повеќе време отколку да одам на работа, зашто за едно јајце ми требаат од 15 – 30 минути, односно се зависи од дизајнот и пополнетоста на јајцето што се работи“, истакнува Трајковска.

Интересно е што работи со свежи, неварени јајца, при што е особено важно кората да им биде чиста и добро измиена. Декорацијата најубаво се забележува на бели јајца, а искуството ја научило дека е најубаво да се користат текстилни бои, какви што имало порано кај „бојаџиите“.

Нејзините украсени јајца за Велигден, пак, се секогаш со црвена боја.

„Јајцата декорирани со восок се варат во бојата и од како ќе се сварат и обојат се вадат топли и веднаш се пребришуваат со чиста памучна ткаенина за да се отстрани восокот. Тогаш дизајнот најдобро доаѓа до израз “, препорачува Слаѓана.

Таа со ова хоби се занимава веќе 15 години и вели дека за неа Велигден и е најубав, најшарен и најпосакуван празник, но и најнапорен заради обврските што ги има. Има редовни муштерии кои секоја година нарачуваат украсени јајца од неа, но постојано се јавуваат и нови кога ќе ги видат нејзините дела. Иако работата е напорна, вели дека сепак максимално ужива во она што го создава и дека додека ја „држат“рацете и ѝ гледаат очите нема да се откаже од ова задоволство.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СЕМЕЈНИТЕ НАСИЛНИЦИ ЌЕ НОСАТ ЕЛЕКТРОНСКИ АЛКИ Тошковски најавува законски измени

12/11/2026
Македонија

ПРИТВОРИТЕ СЕ СКАПИ, ОБВИНИТЕЛИТЕ МОРА ДА СЕ ОДГОВОРНИ СО ЈАВНИТЕ

12/11/2026
Македонија

ЗНАМ ЌЕ ГО ПРЕИСПИТА УЧЕСТВОТО ВО ВЛАДАТА АКО НЕ СЕ

12/11/2026
Македонија

ГОЛЕМА ОПАСНОСТ ПОРАДИ СИЛЕН ВЕТЕР ВО ЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА Портокалово предупредување

12/11/2026
Македонија

ИВА МИХАИЛОВА ИЗБЕГАЛА ВО БУГАРИЈА НАДВОР ОД ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ Ја

12/11/2026
Македонија

ДВЕ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ПЕЦЕ МАТЕВСКИ, ПОРАНЕШЕН ДИРЕКТОР НА РЕК

12/11/2026
Македонија

ДЕЛ ОД ВАКЦИНИТЕ ПРОТИВ ГРИП МОЖЕ ДА БИДАТ ДОСТАПНИ И

12/11/2026
Македонија

ОДЕЊЕТО НА ЗАБАР НЕМА ДА БИДЕ ТРАУМА ЗА ЛИЦАТА СО

12/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46751
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СЕМЕЈНИТЕ НАСИЛНИЦИ ЌЕ НОСАТ ЕЛЕКТРОНСКИ АЛКИ Тошковски најавува законски измени за поефикасна заштита на жртвите

12/11/2026

Жената, мајката и ќерката треба најбезбедно да се чувствуваат во својот дом, а институциите се должни да направат сè што

ПРИТВОРИТЕ СЕ СКАПИ, ОБВИНИТЕЛИТЕ МОРА ДА СЕ ОДГОВОРНИ СО ЈАВНИТЕ ПАРИ Ако целта може да

12/11/2026

Состојбата што ја затекнав во Јавното обвинителство е полоша од она што го очекував пред преземањето на функцијата, вели државниот

ЗНАМ ЌЕ ГО ПРЕИСПИТА УЧЕСТВОТО ВО ВЛАДАТА АКО НЕ СЕ ПОЧИТУВА СТАВОТ ЗА ПОЛАГАЊЕТО ПРАВОСУДЕН

12/11/2026

ЗНАМ е составен дел на Владата и мнозинството во Собранието и така ќе биде додека не се нарушат елементарните принципи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy