Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Крстов Дол“ го подели СДСМ: Партијата бара референдум, градоначалникот Митовски бара анализи
Македонија

„Крстов Дол“ го подели СДСМ: Партијата бара референдум, градоначалникот Митовски бара анализи

22/04/2026

AA

Најавениот проект за ископ на антимон во рудникот „Крстов Дол“, во близина на Крива Паланка, иако сè уште е во рана фаза, веќе предизвикува силни реакции во јавноста и политичката сцена. Освен судирите меѓу власта и опозицијата, несогласувања се појавија и во рамки на опозициската СДСМ.

Партијата јавно реагираше на ставот на градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, повикувајќи го да распише референдум за рудникот, наместо, како што наведуваат, да води разговори со премиерот Христијан Мицкоски. Во меѓувреме, лидерот на СДСМ, Венко Филипче, истакна дека опозицијата не е против инвестиции, туку против проекти кои би можеле да го загрозат здравјето на граѓаните.

Дополнителни тензии создаде и ставот на самиот градоначалник, кој се дистанцираше од партиската линија. Митовски смета дека одлуката за проектот не треба да се носи избрзано преку референдум, туку по детална и сеопфатна анализа.

„Мојата обврска е двојна: да го заштитам здравјето и безбедноста на граѓаните, но и да придонесам за економски развој, нови инвестиции и отворање работни места“, изјави Митовски. Тој нагласи дека вакви инвестиции би биле прифатливи само доколку се исполнат строги услови за заштита на животната средина, вклучително и затворен производствен процес без штетни емисии и обезбедени финансиски гаранции за евентуални последици.

Во изминатите денови, различни засегнати страни ги изнесоа своите ставови, загрижености и аргументи околу потенцијалната реализација на оваа инвестиција, која се разгледува во соработка со САД. Засега, проектот се наоѓа во фаза на истражување, која се очекува да трае од една до две години.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од

12/08/2026
Македонија

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија

12/08/2026
Македонија

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот

12/08/2026
Македонија

Повеќе лица повикани во полиција по ширењето информации за наводна

12/08/2026
Македонија

Пожар го зафати подрачјето кај Манастирски Доленци, се бара помош,

12/08/2026
Македонија

Авантура од 1.974 километри: Иван и Спасе ќе го освојуваат

12/08/2026
Македонија

Општината требало да реагира откако „Пулс“ бил нелегално пренаменет –

12/08/2026
Македонија

Изречена првата казна за напуштање новородени животни: Скопјанец ќе плати

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44989
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од земја и воздух

12/08/2026

Пожарот кој изби во општината Студеничани, во близина на местото Рамни Габер, продолжува да гори и во текот на ноќта.

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија апел за итно отворање центар

12/08/2026

По долга и исцрпувачка борба на ветеринарниот тим и активистите, познатиот срнак Мартин денеска подлегна на тешките повреди. Неговата состојба

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот на ноќта

12/08/2026

Пожарот кој се прошири од село Моране зафати дел од подрачјето на село Габер, каде што во текот на денот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy