Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „КРШЕВ ЅИД СО ГОЛИ РАЦЕ ЗА ДА ИМ ДАДАМ ВОЗДУХ“: Габриела Наунова сведочеше како полицаец одбил да ѝ помогне за ќерка ѝ
Македонија

„КРШЕВ ЅИД СО ГОЛИ РАЦЕ ЗА ДА ИМ ДАДАМ ВОЗДУХ“: Габриела Наунова сведочеше како полицаец одбил да ѝ помогне за ќерка ѝ

29/12/2025

AA

„Побарав помош од службените лица, полицајците кои стоеја околу мене. Еден од нив се сврти и ми рече: ’Јас не сум обучен за тоа‘.“

Оваа скандалозна реченица ја слушнала мајката Габриела Наунова додека во рацете ја држела својата ќерка Надица, очајно барајќи спас пред дискотеката „Пулс“.

Кршење на ѕидот со голи раце

Наунова го потврди сведочењето на претходната мајка (Ирена), раскажувајќи како се обидела физички да го сруши ѕидот кај женските тоалети, од каде се слушале крици. „Слушав викотници од левата страна, од кај женските вециња… Девојчиња се држеа на шипката и викаа: ’Дајте ни воздух!‘. Почнав да кршам со раце за да направам дупка да им влегува воздух. Како што кршев, некој ми подаде девојче, цело исцрнето, но живо,“ раскажа Габриела.

„Второто девојче што ми го подадоа беше мојата ќерка“

Најтешкиот момент следел веднаш потоа. Сопругот на Габриела влегол во самиот влез и ја извлекол нивната ќерка. „Второто девојче што ми го подадоа – тоа беше мојата ќерка. Очите ѝ беа отворени, мислев дека е само онесвестена. Почнав да ја шлакам со вода, но немаше реакција,“ сведочеше мајката низ солзи.

Токму во тој момент, кога барала помош од полицијата за реанимација или транспорт, го добила одговорот дека „не се обучени“. На крајот, Жарко (сопругот на сега починатата Моника) притрчал и им помогнал да ја однесат Надица во болница со неговото возило.

„Ја однесовме во болница, и таму една медициснка сестра излезе и ни рече дека на Надица и го вратиле пулсот. Веднаш отидов до таа соба имаше еден прозорец каде се гледаше Надица. Кога видов дека детете ми леже само на креветот, без никој околу неа. Мислев дека е кошмар и дека ќе се разбудам, мислем дека е сон. Дека тоа што ми се случува не е вистина, на никој не посакувам да си го виде своето дете мртов, на еден таков начин да има изгореница, да има мала трага на било што. Беше чиста како солза, уште парфемот ѝ мирисаше“, сведочеше Наунова.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Водата во Гостивар остана техничка, скептицизмот кај граѓаните останува

27/07/2026
Македонија

Во Струга сте? Угостителите ќе имаат продолжено работно време

27/07/2026
Македонија

Вандализирани просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

27/07/2026
Македонија

Водата во Крушево е чиста на второто тестирање, но забраната

27/07/2026
Македонија

Осумдневен притвор за Словенец кој физички ја нападнал девојката во

27/07/2026
Македонија

Истрага против четири лица во Скопје за дрога – запленети

27/07/2026
Македонија

Собранието го усвои Дополнителниот ребаланс на Буџетот за 2026: Повеќе

27/07/2026
Македонија

Цените на нафтата значително паднаа

27/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44701
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Водата во Гостивар остана техничка, скептицизмот кај граѓаните останува

27/07/2026

По десетдневна принудна пауза, водата во Гостивар од денеска може да се користи за лична хигиена и чистење во домовите,

Во Струга сте? Угостителите ќе имаат продолжено работно време

27/07/2026

Угостителските објекти во Струга ќе работат еден час подолго во летниот период, додека за претстојниот празничен викенд работното време ќе

Вандализирани просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

27/07/2026

Просториите на културно-уметничкото друштво „Српски вез“ во Куманово биле мета на вандалски чин, при што објектот е оштетен, а на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy