Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кризата никако да заврши, нови 50 милиони евра за ЕСМ
Економија

Кризата никако да заврши, нови 50 милиони евра за ЕСМ

03/05/2023

AA

Иако веќе заврши грејната сезона, Владата одлучи да му префрли на АД ЕСМ државна помош од буџетот во висина од 50 милиони евра (три милијарди денари). Одлуката за одобрување на финансиска помош за справување со енергетската криза била одобрена на владината седница на 28 април.

„Со оваа одлука се одобруваат финансиски средства во износ од 3.000.000.000 денари на Акционерското друштво за производство на електрична енергија, Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје. Средствата од член 1 од оваа одлука ќе се обезбедат од Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година“, пишува во одлуката.

Иако властите во изминатиот период ја убедуваа јавноста дека енергетската криза е под контрола, и понатаму продолжува издвојувањето на вртоглави суми од буџетската поддршка. Последен пат повисока сума Владата му префрли на ЕСМ во последните денови од минатата година (25 милиони евра), а годинава се чинеше дека повеќе нема повеќе да има вакви „финансиски турбуленции“ и дека ќе следува период на стабилизација.

Уште повеќе ваквата сума доаѓа како изненадување, затоа што минатиот месец ЕСМ објави дека е остварена добивка од 41 милион евра за 2022 година и дека голем дел од државната помош што била одобрена минатата година не била потрошена.

Минатиот месец беше објавено и дека генералниот директор Васко Ковачевски ја депонира својата оставка до премиерот Димитар Ковачевски и дека на негово место ќе биде назначен Васко Стефанов.

– За 2022 година производството е зголемено за 26,7 отсто во однос на 2021 година. АД ЕСм досега произведе 44 проценти повеќе електрична енергија отколку во 2021 година – рече Ковачевски. Тој тогаш се пофали дека ЕСМ уривала рекорди во 2022 година, меѓу кои и рекордот за дневно производство од 22.933 мегават-часови во еден ден што е највисоко во последните десет години.

На 30 април заврши и потребата да се обезбедува електрична енергија по фиксна цена од 95 евра по мегаватчас за основните и средните јавни
училишта, болниците и водоводните претпријатија, кои сега ќе треба да се снаоѓаат на слободниот пазар.

ЕСМ во февруари и март речиси не набави дополнителна електрична енергија од приватните снабдувачи, но затоа во април купуваше пет пати и тоа за вкупна сума од околу 5,5 милиони евра од различни понудувачи.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НА ВЛЕН МУ ОДГОВАРААТ ПРЕДВРЕМЕНИ, АМА ЗА СТАБИЛНОСТА СЕ ПОТРЕБНИ

09/11/2026
Македонија

ЕУ Ѝ НАНЕСЕ НЕПРАВДА НА МАКЕДОНИЈА Брисел пропушти шанса, некои

09/11/2026
Македонија

ПОЖАРОТ КАЈ БИТ-ПАЗАР Е ПОД КОНТРОЛА Опожарени делови од три

09/11/2026
Македонија

ОПШТИНАТА НЕ Е СПОСОБНА ДА СЕ СПРАВИ СО КРАВИТЕ, ПА

09/11/2026
Македонија

ГИ ГРАДИМЕ ТЕМЕЛИТЕ ЗА СЛЕДНИТЕ ПОБЕДИ Мицкоски на прослава на

09/11/2026
Македонија

ДО ВИКЕНД ТОПЛО И ДОЖДЛИВО, СО ТЕМПЕРАТУРИ НАД 20 СТЕПЕНИ

09/11/2026
Македонија

ГОЛЕМ ПОЖАР КАЈ БИТ-ПАЗАР Гори магацин, огнот го гаснат со

09/11/2026
Македонија

ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ СЕ ПОЧИТУВА ВО ИЈЗ, ДУИ НАПАЃА ОД

09/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46685
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НА ВЛЕН МУ ОДГОВАРААТ ПРЕДВРЕМЕНИ, АМА ЗА СТАБИЛНОСТА СЕ ПОТРЕБНИ РЕДОВНИ ИЗБОРИ Гаши уверен дека

09/11/2026

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, смета дека партиите треба да седнат на разговор за измените на Законот за јавните набавки,

ЕУ Ѝ НАНЕСЕ НЕПРАВДА НА МАКЕДОНИЈА Брисел пропушти шанса, некои работи отидоа предалеку

09/11/2026

Претседателот на Собранието Африм Гаши вели дека Европската Унија сторила неправда кон Македонија со тоа што по потпишувањето на Преспанскиот

ПОЖАРОТ КАЈ БИТ-ПАЗАР Е ПОД КОНТРОЛА Опожарени делови од три куќи, гаснеле 22 пожарникари

09/11/2026

Пожарот што избувна попладнево кај Бит-пазар во Скопје е ставен под контрола. Во интервенцијата учествуваа 9 противпожарни возила и 22

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy