Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кривични пријави за трговија со дете и силување против пет лица од Тетово
Македонија

Кривични пријави за трговија со дете и силување против пет лица од Тетово

24/12/2025

AA

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при БЈБ на МВР (Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе), поради постоење основани сомненија за сторени кривични дела, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК) денеска (24.12.) поднесе кривична пријава против пет лица, сите од Тетово, и тоа: против  лицето Ф.М.(25) – за кривично дело „трговија со дете“ (418-г ст.1 и ст.2), против лицата И.Д.(56), А.С.(30) и Л.С.(28) за сторено кривично дело – „трговија со дете“ (418-г ст.3) и против лицето – Р.М.(31) за кривично дело – „полов напад и силување“ ( 186 , ст.1 и ст.2) од  КЗ на РСМ.

Според документираните сознанија од истрагата првопријавениот Ф.М.  во временскиот период од мај 2023 година до крајот на 2024 година, доведувајќи го во заблуда – детето жртва – тогаш на 15 годишна возраст, дека  ќе започнат љубовна врска, преку сериозна закана и уцена ја принудил жртвата на користење на опојни дроги и на сексуална експлоатација. Притоа, со цел стекнување на противправна имотна корист Ф.М., по претходен договор со пријавените И.Д.,  А.С. и Л.С. како и со инволвирање на други непознати лица, овозможил вршење на полови дејствија врз детето жртва од нивна страна, а на повеќе локации на подрачје на Тетово. Петопријавениот Р.М. по претходен договор со Ф.М.  како лице задолжено за безбедноста на детето, ја искористил неговата улога и присилно, спротивно на волјата на детето извршил полов однос врз истото.

Врз основа на издадени наредби од Судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, на четири локации на  подрачјето на Тетово извршени се претреси во дом и други простории при што се пронајдени и привремено одземени мобилни телефонски апарати, СИМ картички и лишени се од слобода кривично пријавените пет лица.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Временска прогноза за следните 14 дена: Не очекува топол бран

04/08/2026
Македонија

ЦУК: Регистрирани 14 пожари на отворен простор — активен само

04/08/2026
Македонија

44 акциски контроли за санкционирање на незаконит риболов во јуни

04/08/2026
Македонија

Водата во Гостивар сѐ уште е само за техничка употреба:

04/08/2026
Македонија

Велес се прости од д-р Никола Стојановски: Со државни почести

04/08/2026
Македонија

Доенчиња помлади од шест месеци не треба да се мачкаат

04/08/2026
Македонија

456 онколошки пациенти добиваат парична помош во следните два дена

04/08/2026
Македонија

Породилни пакети со попуст и целосна грижа за мајката и бебето во

04/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44852
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Временска прогноза за следните 14 дена: Не очекува топол бран со температури до 38 степени

04/08/2026

Во текот на следните две недели не очекува стабилно, сончево и исклучително топло време, со високи дневни и тропски ноќни

ЦУК: Регистрирани 14 пожари на отворен простор — активен само еден, четири се под контрола

04/08/2026

На територијата на државата заклучно со 18 часот се регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор. Од нив, активен е

44 акциски контроли за санкционирање на незаконит риболов во јуни и јули – приведени две

04/08/2026

Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ Охрид, во текот на јуни и јули оваа година, во водите на Охридското

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy