Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кривични пријави за две фирми по трагичната смрт на младиот охриѓанец Кристијан Љушев
Македонија

Кривични пријави за две фирми по трагичната смрт на младиот охриѓанец Кристијан Љушев

28/01/2026

AA

Кривични пријави против две фирми ќе поднесе Трудовиот инспекторат по трагедијата во која животот го загуби 28-годишниот охриѓанец Кристијан Љушев. По двонеделна контрола, инспекторите утврдиле дека компаниите не ги почитувале законските прописи за безбедност и здравје при работа на градилиштето.

Несреќата се случила додека младиот работник, вработен во фирма за ентериери, пренесувал мебел во зграда во изградба, при што паднал во незаштитен и неограден отвор за лифт. Поради утврдените неправилности, донесена е времена забрана за работа на целиот објект, која ги опфаќа инвеститорот, изведувачот и надзорот.

За опасните услови на терен сведочи и таткото на починатиот, Валентин Љушев, кој само неколку дена пред кобниот настан забележал дека отворите за лифтови се без никаква заштита. Тој јавно побара одговорност од инволвираните страни.

Имињата на фирмите засега не се соопштуваат во интерес на истрагата. По финализирање на документацијата, предметот ќе биде предаден на Јавното обвинителство за понатамошно постапување.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Вработен во маркет во Центар го истепал колегата!

17/05/2026
Македонија

Битолчанец со возило удрил во сограѓанка, па излегол и ја

17/05/2026
Македонија

Се трага по државјани на Бангладеш кои работеле во Тетово

17/05/2026
Македонија

Какво ќе биде времето до крајот на мај?

17/05/2026
Македонија

Уапсен 19-годишник за убиство на момче во скопско Бојане

17/05/2026
Македонија

Георгиевски: Термините „Македонец“ и „македонско“ се трајно присутни во бугарската

17/05/2026
Македонија

Метео аларм: Силен ветер денеска во повеќе делови од земјава

17/05/2026
Македонија

Ѓорѓиевски најавува нова механизација за подобро собирање на отпадот

16/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43316
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Вработен во маркет во Центар го истепал колегата!

17/05/2026

На 16.05.2026  во 19:00 часот, Ѓ.К.(24) од Скопје пријави дека околу 08:40 часот во продажно место на подрачјето на Центар, 

Битолчанец со возило удрил во сограѓанка, па излегол и ја истепал, а потоа избегал!

17/05/2026

На 16.05.2026 во 20:40 часот во СВР Битола И.Д.(42) од Битола пријави дека на крстосницата на ул.„Партизанска” со ул.„Никола Тесла”

Се трага по државјани на Бангладеш кои работеле во Тетово и Челопек, но си заминале!

17/05/2026

На 16.05.2026 во 12:20 часот во Полициската станица Тетово, Б.Р. од село Доброште пријави дека три лица- државјани на Бангладеш,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy