Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување против поранешни раководни лица од АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор
Македонија

Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување против поранешни раководни лица од АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор

05/05/2023

AA

На 05.05.2023 Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, поднесе кривична пријава против десет лица и тоа Ц.Г. (57), поранешен генерален директор во Акционерско друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор, С. В. (63), С.С. (66), Ц.И. (70), Л.М. (51), А.Ќ.И. (53), З.Н. (57), А.Т. (40) и Е. С. (43), сите со место на живеење во Скопје, вработени во Акционерско друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор, како и лицето А.К. (39), со место на живеење во Кичево, исто така вработен во акционерско друштво, поради постоење на основано сомнение за сторенo кривичнo делo „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 став 5 од КЗ.

Пријавените, во својство на службени лица (претседатели и членови на комисија за спроведување на јавни набавки) во периодот од 2012 година до 2016 година искористувајќи ја својата службена положба и овластување постапиле спротивно на одредбите на Законот за јавни набавки и на тој начин овозможиле правен субјект од Вевчани да се стекне со противправна имотна корист во износ од 44.606.548 денари.

Имено, пријавените, злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување со неизвршување на својата службена должност постапиле спротивно на одредбите на Законот за јавни набавки и покрај тоа што знаеле дека понудата на економскиот оператор од Вевчани за најголемиот дел од услугите кои се барале во спецификација содржела невообичаени ниски цени, од истиот не побарале писмено објаснување за понудените цени, предвидено во чл.163 од Законот за јавни набавки и спровеле постапка за јавна набавка за изведба на градежни, градежно занатски, инсталатерски и други работи за тековно и инвестиционо одржување на станбениот и деловниот простор и други објекти со кои стопанисува акционерското друштво и изготвиле извештај во кој е даден предлог за најповолна понуда да се одбере понудата на правниот субјект од Вевчани, потоа било постапено и спротивно одредбите на Законот за јавни набавки, чл.169 и наместо да се увиди дека постапката не е спроведена согласно Законот за јавни набавки, донесена е Одлука за избор на најповолен понудувач и во име на АДИССПДП со правното лице од Вевчани е склучен „договор за тековно и инвестиционо одржување на објектите со кои стопанисува акционерското друштво и обврски во гарантен рок со предмет на Договорот изведување на градежни, градежно-занатски работи за тековно и инвестиционо одржување на објектите со кои стопанисува акционерското друштво за Регион 1, Регион 2 и Регион 3.

Притоа на горенаведениот начин во текот на 2012 година С.В. во својство на претседател на Комисија за спроведување на јавна набавка, С.С. и Ц.И., членови на Комисија за спроведување на јавна набавка, Л.М., претставник од Одделението за јавни набавки Комисија за спроведување на јавна набавка, како и Ц.Г. во својство на генерален директор на АДИССПДП, овозможиле на правниот субјект од Вевчани да се стекне со противправна имотна корист во износ од 16.992.519 денари.

Потоа во текот на 2014 година на истиот начин од страна на А.Ќ.И., во својство на претседател на Комисија за спроведување на јавна набавка, З.Н. и А.Т., во својство на членови на Комисија за спроведување на јавна набавка и Е.С., претставник од Одделението за јавни набавки, како и Ц.Г. во својство на генерален директор на АДИССПДП овозможено е на правниот субјект од Вевчани да се стекне со противправна имотна корист во износ од 24.001.526,00 денари.

Исто така, во текот на 2016 година од страна на А.Ќ.И., во својство на претседател на Комисија за спроведување на јавна набавка, А.Т. и А.К., членови на комисијата, Е.С., претставник од Одделението за јавни набавки, како и Ц.Г. во својство на генерален директор на АДИССПДП овозможено е на правниот субјект од Вевчани да се стекне со противправна имотна корист во износ од 3.612.503 денари.
Постапувајки спротивно на своите службени овластувања, пријавените го сториле кривичното дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по чл.353 ст.5 од КЗ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НА КОСОВО УАПСЕН УБИЕЦОТ ОД ПЛАСТИЧАРСКА Застрела 26-годишик и побегна

25/09/2026
Македонија

САКАМЕ КОМПРОМИС ЗА ЕУ КОЈ ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПРЕДВИДЛИВ ПАТ

25/09/2026
Македонија

🎥 МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО НАТО, ЕУ

25/09/2026
Македонија

🎥 (ВО ЖИВО) МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО

25/09/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПОКРЕНА ИСТРАГА ЗА ГОЛЕМИОТ ШВЕРЦ НА ЦИГАРИ Меѓу 19-те

25/09/2026
Македонија

САШО МИЈАЛКОВ НЕМА НИКАКВА ВРСКА СО БАРУТАНА Демантирани тврдењата на

25/09/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ДА ПРОДЛОЖАТ, А НАПРЕДОКОТ КОН ЕУ ДА БИДЕ ЗАСНОВАН

25/09/2026
Македонија

СЕ СКАРАЛЕ ЗА ПАРКИНГ, ПА СО „ФОРД“ ТУРНАЛ ПОРТА ВРЗ

25/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45810
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НА КОСОВО УАПСЕН УБИЕЦОТ ОД ПЛАСТИЧАРСКА Застрела 26-годишик и побегна

25/09/2026

Во Косово денеска е уапсен Рами Кучи, првоосомничениот за убиството на 26-годишниот А.М., кое се случи на 6 септември во

САКАМЕ КОМПРОМИС ЗА ЕУ КОЈ ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПРЕДВИДЛИВ ПАТ Петрушевски за говорот на Мицкоски

25/09/2026

Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во гостување на телевизија Алфа во емисијата „Колегиум”, го коментираше обраќањето на претседателот на Владата,

🎥 МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО НАТО, ЕУ И СО САД Мицкоски од

25/09/2026

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, во своето обраќање пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, ги претстави трите

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy