Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кривична пријава за уште еден началник во македонската полиција
Македонија

Кривична пријава за уште еден началник во македонската полиција

07/03/2024

AA

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Н.Ј., началник на одделение во Оддел за дисциплински и судски постапки, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в став 1 од Кривичниот законик.

Пријавената, како овластено службено лице, несовесно постапила во вршење на своите овластувања на тој начин што не постапила по правосилна пресуда со која на работник требало да му престане работниот однос во Министерството за внатрешни работи, односно пресудата не ја доставила до надлежните служби во министерството за да биде донесено решение со кое на работникот ќе му биде откажан договорот за работа. Пресудата на Апелациониот суд Скопје, со која се потврдува пресудата на Основен граѓански суд Скопје, со која е одбиено тужбеното барање на вработената, во Министерството за внатрешни работи е примена на 08.03.2022, а на постапување до стручните служби на министерството е доставена на 27.02.2024.

Поради потешко кршење на работниот ред и дисциплина, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против Н.Ј. поднесе Предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и изрече задолжителна мерка за отстранување од работното место до донесување на решение во дисциплинската постапка.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Нема нови случаи на западнонилската треска во Гостивар

02/08/2026
Македонија

Стабилна состојбата во Гостивар, на 1 август регистрирани вкупно 57

02/08/2026
Македонија

Мицкоски: Илинден е најсилниот доказ дека постојат народи кои никогаш

02/08/2026
Македонија

Илинден низ архивите: Објавени фотографии и документи за Востанието

02/08/2026
Македонија

Македонија го одбележува Илинден – 123 години од Востанието и

02/08/2026
Македонија

Го славиме Св. пророк Илија

02/08/2026
Македонија

Шест лица приведени, едно повикано на службен разговор, извршени претреси

01/08/2026
Македонија

Сервисираниот ер трактор повторно во функција по оштетувањата од невремето

01/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44801
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Нема нови случаи на западнонилската треска во Гостивар

02/08/2026

Министерството за здравство информира дека во однос на западнонилската треска, до Институтот за јавно здравје не се пријавени нови лабораториски

Стабилна состојбата во Гостивар, на 1 август регистрирани вкупно 57 први прегледи

02/08/2026

Министерството за здравство информира дека епидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции. Во

Мицкоски: Илинден е најсилниот доказ дека постојат народи кои никогаш не можат да бидат покорени

02/08/2026

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце порача дека Илинден претставува симбол на историскиот континуитет, слободата и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy