Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кривична пријава против поранешни директори и заповедник во затворот во Струмица
Магазин

Кривична пријава против поранешни директори и заповедник во затворот во Струмица

25/09/2025

AA

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Б.Ц.(41) од Струмица, поранешен директор на Казнено-поправната установа Затвор Струмица, В.М.(36) од Струмица, поранешен вршител на должноста директор на Казнено-поправната установа Затвор Струмица и В.Т.(42) од Струмица, заповедник на затворска полиција во Казнено-поправната установа Затвор Струмица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување’’ по член 353 став 1, во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Пријавениот Б.Ц., извршувајќи ја функцијата директор на установата, и пријавениот В.М., извршувајќи ја функцијата вршител на должноста директор на установата, злоупотребувајќи ја и искористувајќи ја својата службена положба, во повеќе наврати постапиле спротивно на член 70 од Правилникот за куќен ред за осудените лица кои издржуваат казна затор во казнено-поправната установа, односно издале решенија за одредени осудени лица да користат определени погодности, без да биде спроведена постапка која според правилникот треба да се спроведе пред издавање на такви решенија.

 
На ваков начин, Б.Ц. во три случаи на едно лице му овозможил краткотраен излез од установата. Пријавениот В.М., во 32 наврати на седум лица им овозможил краткотраен излез од установата, а во два наврати на две осудени лица им овозможил користење на годишен одмор без да ги исполнуваат пропишаните услови. Исто така, В.М. на четири лица им овозможил распоредување од полуотворено во отворено одделение во установата и покрај тоа што не ги исполнувале условите.

Пријавениот В.Т., заповедник во Затвор Струмица, од пријавениот В.М. добил писмено овластување да врши работи од областа на ресоцијализација, без да поседува соодветно образование за тоа работно место, а притоа продолжил истовремено да ја раководи и Затворската полиција, односно да извршува работи на две различни работни места кои се исклучително важни и одговорни и кои се неспоиви.

 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЗР УТВРДИ ДЕКА СЈО ИСПЛАЌАЛО ПЛАТИ И НАДОМЕСТОЦИ СПРОТИВНО НА

17/09/2026
Македонија

„ДОЦНА МИ Е ДА ГО БАРАМ КНИГОВОДИТЕЛОТ, ЌЕ ВИ ЈА

17/09/2026
Македонија

ЗЕЛ ВАП-МАШИНА ЗА ДА МИЕ ВОЗИЛО, ГО УДРИЛА СТРУЈА? На

17/09/2026
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45646
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЗР УТВРДИ ДЕКА СЈО ИСПЛАЌАЛО ПЛАТИ И НАДОМЕСТОЦИ СПРОТИВНО НА ЗАКОН Ова обвинителство ги чинеше

17/09/2026

„Дали може да ни објасните за бонусите кои ги земавте од СЈО и додатоци за тајност? Jас тоа го прашувам

„ДОЦНА МИ Е ДА ГО БАРАМ КНИГОВОДИТЕЛОТ, ЌЕ ВИ ЈА ДОНЕСАМ В ПОНЕДЕЛНИК“ Газда Деко

17/09/2026

Сопственикот на кабарето „Пулс“ во Кочани, Дејан Јованов, не им ја дал на увид лиценцата за работа на полициските службеници

ЗЕЛ ВАП-МАШИНА ЗА ДА МИЕ ВОЗИЛО, ГО УДРИЛА СТРУЈА? На Клиника почина жител на Студеничани

17/09/2026

Во СВР Скопје вчера околу пладне е пријавено дека во село Студеничани, скопско, во двор од куќа, сопственост на А.С.(56),

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy